Connect with us

Компании

Виртуелни денови за вработување во Македонија, Србија, Хрватска и БиХ

Објавено

на

За прв пат во регионот, достапна е можноста да се вработите – буквално со еден клик!

Од 16. до 23. Октомври Vrabotuvanje.Com во соработка со MojPosao (Tau on-line d.o.o.) од Хрватска, Poslovi Infostud од Србија и Kolektiv d.o.o. – (Posao.ba) од БиХ организира онлајн саем за вработување во најатрактивните компании од регионот!

На саемот како работобарател ќе можете:

✅ да аплицирате на огласи за работа во Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина;

✅ да се запознаете со можностите и условите за вработување во најатрактивните компании во регионот;

✅ да освоите вредни награди преку одделниот настан “Лов на богатство“.

Доколку барате или нудите работа, а овој начин на комуникација сметате дека е соодветен – прочитајте повеќе на специјално изработената веб страна за оваа намена -> ДЕНОВИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ.

Виртуелните саеми за вработување се поефикасна, поекономична и пофункционална алтернатива на традиционалните саеми кои поради брзиот развој на новите технологии и сè поголемата достапност на интернетот полека но сигурно излегуваат од мода.

Тие им овозможуваат на компаниите и лицата кои бараат работа да се сретнат и да разговараат за можностите за вработување на специјализирана веб страна со само неколку кликови од лаптоп, таблет или смартфон.

Виртуелни денови за вработување, како најголем регионален виртуелен саем ќе трае осум дена (од 16. до 23. октомври) и истовремено ќе се одржува во сите четири земји. За тие осум дена, саемот ќе биде отворен 24 часа и до истиот ќе може да се пристапи преку веб страната www.denovizavrabotuvanje.mk.

Најголем employer branding настан во регионот

За локалните и регионалните компании кои не можат да пронајдат квалитетен кадар или сметаат дека не се доволно видливи на домашниот пазар, виртуелниот саем е одлична можност за претставување во вистинско светло пред идните (потенцијални) вработени.

Саемот ви овозможува на едно место да објавите огласи за вработување кои ќе бидат видени од работодавачи во земјата и регионот, да остварите директна комуникација со заинтересираните кандидати и да ја промовирате вашата компанија пред 300.000 работобаратели во регионот.

Можност за вработување во најатрактивните компании

За време на осумте денови кога ќе се одржува саемот, како работобарател ќе имате можност да се запознаете со истакнати компании од Македонија и регионот кои се во потрага по нови вработени.

Со помош на едноставна најава преку вашиот Google или Facebook профил, ќе имате можност да посетувате штандови на компании, да аплицирате на огласи за работа, да поразговарате со претставник од компанијата и да дознаете за условите, придобивките и бенефициите кои ги нуди компанијата – и сето тоа преку вашиот компјутер, таблет или телефон од удобноста на вашиот дом.

На саемот ќе се одржи и еден одделен настан Лов на богатство каде што сите учесници ќе имаат можност да освојат вредни награди.

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Вивакс

Објавено

на

Вивакс е македонска компанија која постои 25 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

ТИГО Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги на приватни лица на наједноставен и најбрз начин. (more…)

Продолжи со читање

Популарно