Connect with us

Останато

Виртуелен самит на Г20 за пандемијата и економски последици од Ковид-19

Објавено

на

Лидерите на група земји со најразвиени економии во светот (Г20) денес се состанаа на виртуелен самит за да одговорат на брзото ширење на пандемијата предизвикана од коронавирусот и нејзините економски последици.

Состанокот на Г20, на кој присуствуваа десетина лидери на најразвиените држави, траеше 90 минути, за разлика од вообичаените самити коишто траеја по два дена.

Оваа година домаќин требаше да биде Ријад во Саудиска Арабија.

„Оваа криза бара глобален одговор. Светот смета на нас да се собереме и да соработуваме заедно за полесно да се соочиме со овој предизвик“, рече кралот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, кој претседаваше со самитот.

Средбата беше одржана непосредно по критиките на јавноста дека најбогатите земји во светот не презеле конкретни активности и мерки за спречување и решавање на пандемијата со коронавирусот и нејзините економски последици.

Кралството на Саудиска Арабија која оваа година претседава со Г20 соопшти дека организирале виртуелен самит со цел да ги засилат напорите за борба против пандемијата и економскиот пад.

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно