Connect with us

Лични финансии

Винко совети за штедење (прв дел) – Како да ги научите Вашите деца да штедат?

Објавено

на

Родителите во Македонија се свесни, се повеќе се интересираат и дебатираат за детското штедење со цел да им овоможат на своите деца поквалитетно образование, самостоен и подобар живот и финансиска стабилност.

Најчесто родителите ги планираат финансиите и штедат уште од раѓањето на нивните деца. Некои штедат под перница, некои во банка, трети избираат детско штедно осигурување, но вложуваат и во фондови, што е една од најчестите форми на долгорочно вложување за деца во развиените држави.

Покрај тоа што родителите се свесни за важноста на штедењето, многу е важно да ги научат уште од мали нозе и своите деца за важноста на штедењето.

Винко како најголем пријател на децата преку едукативни материјали, сликовници и боенки сака да им ја претстави важноста на штедењето, и со интересни детски совети  да им помогне да стекнат навики за штедење.

1. Одете заедно во продавница

Користете ги сите можности за кратки лекции што ќе им ги давате на Вашите најмили. Покажете им колку е важно споредувањето на цените и искористувањето на промоциите кои резултираат со значителна заштеда на пари.

2. Давајте му неделен џепарлак

Со давање на неделен џепарлак на Вашето дете ќе го научите дека треба да биде поодговорно за своите пари и дека треба да му служат за подолг период, а не да ги потроши веднаш.

3. Заштеда за купување на нешто што посакува

Доколку го натерате Вашето дете да започне да штеди, ќе му помогнете постојано да биде мотивирано и да се потсетува што ќе добие ако успее да ја собере потребната сума преку штедење. Дека ќе може да си го купи тоа што го посакува, како на пример нова играчка, нов велосипед итн.

4. Научете го да брои ситни парички

Запознајте го Вашето дете со ситните метални парички и научете го да ги брои. Преку броењето објаснете му колку такви парички треба да заштеди за да го добие тоа што го посакува.

5. Објаснете му ја вредноста на различните парички

Кога ќе забележите дека Вашето дете е подготвено, започнете да му давате различни парички од 1, 2 и 5 денари и објаснете му ја нивната вредност за да започне да ги разликува.

6. Играјте си банка

Започнете игра наречена „Банка” во која Вие ќе бидете клиент, а Вашето дете ќе биде банкар. Дајте му метална паричка од 5 денари и научете до дека таа вреди исто како 5 парички од 1 денар или дека вреди како 2 парички од 2 денари и 1 паричка од 1 денар. Постапката повторете ја и со книжните пари, за почеток со 10 денари, а понатаму и со повредните банкноти со цел Вашето дете да започне да ги разликува парите и да ја научи нивната вредност.

7. Објаснете од каде доаѓаат парите

Децата мислат дека парите ги создаваат и доаѓаат од нивните родители. Но, тоа е нормално со оглед дека се што посакуваат го добиваат од родителите. Тие мислат дека секогаш кога ќе посакаат нешто и кога ќе им требаат пари, дека треба да се обратат до своите родители и дека тие секогаш имаат да им дадат. На околу 4-5 годишна возраст, децата се подготвени да слушнат и да разберат од каде навистина доаѓаат парите и како нивните родители ги заработуваат.

8. Објаснете му ја на детето разликата помеѓу потребите и желбите

Често пати децата кога ќе видат нешто во продавница посакуваат веднаш да го добијат независно дали се работи за играчка, за бонбони од маркет или слично. Со цел да го добијат тоа што го посакуваат подготвени се на се, а најчесто започнуваат да плачат. За успешно да ги избегенете тие непријатни ситуации, потребно е да го научите Вашето дете дека има голема разлика помеѓу неговите желби и реалните потреби.

9. Не го разгалувајте Вашето дете секогаш

Колку и да сте финансиски моќни и стабилни, никогаш не му купувајте на Вашето дете се што ќе посака. Доколку секогаш му ги исполнувате неговите желби, правите огромна грешка! Детските желби се неограничени, така што колку и да ги задоволувате, секогаш ќе има нешто ново што го посакуваат. Во таков случај покрај себе ќе добиете разгалено дете кое како што ќе расте ќе биде уште попребирливо и никогаш нема да научи да штеди и да ги цени парите!

10. Купете му детска каса

Доколку сакате да му стекете навика на Вашето дете да штеди, задолжително купете му детска касичка и по можност таа да биде проѕирна, за да може да гледа како таа се полни кога штеди дел од своите пари.

Лични финансии

Како да ги заштитите вашите банкарските податоци онлајн

Објавено

на

Секоја онлајн активност со себе носи ризици и потенцијални закани, кои најчесто ги таргетираат вашите лични податоци. А ризикот не престанува ако го исклучите компјутерот или го оставите вашиот телефон на масата, тој е присутен постојано додека сте приклучени на интернет. Голема паника ни предизвикува помислата дека некои од профилите на социјалните мрежи може да ни бидат хакирани или злоупотребени, а само замислете какви можат да бидат последиците ако нешто им се случи на вашите банкарски податоци. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Дали знаењето или дисциплината е поважна за управување со парите?

Објавено

на

Знаењето (во некои случаи може да се користи и зборот „талент“) е важен предуслов за успех на кое било поле од животот. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Објавено

на

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно