Connect with us

Осигурување

ВИНКО – мудар избор за заштита и сигурност на Вашите најмили!

Објавено

на

Сите родители го сакаат најдоброто за своите деца, но не секогаш тие можат да им ја обезбедат иднината што ја посакуваат.

За таа цел, Винер Лајф креираше производ кој направи вистински бум на пазарот – Детско – Винко.

Детско-Винко е детско штедно осигурување со чија помош родителите имаат можност да ја заштититат иднината на своите најмили и притоа да им обезбедат сигурност за успешен почеток во животот! Винко е наменет пред се за осигурување на најмладите со фокус на штедната компонента, обезбедувајќи уникатни поволности вклучени во производот.

Децата кои имаат Винко полиса за животно осигурување, веќе по завршување на основното образование добиваат вреден подарок-дел од осигурената сума, иако осигурителната полиса сеуште има важност.

Покрај тоа, она што е специфично во однос на банкарското детско штедење е секако, освен што има штедна компонента, со овој производ се осигурани децата како корисници, но осигурителната компонента вклучува осигурување и на родителите, како дел од сентименталноста вметната во приказната осигурување со што дополнително детето се заштитува и финансиски се обезбедува во случај на некој немил настан.

Но, кога станува збор за банка и штедење, неминовен е и финансискиот бенефит од овој производ кој е поткрепен со одредена препишана добивка, која низ текот на годините на траење на самото детско осигурување достигнува сериозна сума.

Детско-Винко е производ наменет за сите деца на возраст од 3 месеци до 14 години. Максималната возраст при истек на ова
осигурување е од 17 до 19 години. По навршување на 17 до 19 годишна возраст, по избор на самите клиенти, се исплаќа полната осигурена сума, плус припишаната добивка. На овој начин Винер Лајф останува посветен на потребите на своите клиенти, посебно на најмладата популација.

Детско – Винко бидејќи во животот не постои простор за носење на непромислени одлуки во однос на финансиската иднина особено за нашите најмили!

Осигурување

Поддршка во борбата со рак на дојка: Сигурност во најпотребните животни моменти со Халк Осигурување

Објавено

на

Секојдневно три од четири случаи се дијагностицираат со рак на дојка, повеќе од 250 жени заболуваат месечно, додека 90 од нив ја губат битката. Со овие статистики ракот на дојка претставува најчест облик на тумор кај жените. Периодот на КОВИД-пандемијата го отежна пристапот до медицинска услуга и до третман, а уште повеќе и до одложување на дијагностицирањето на заболувањата. Затоа, повеќе од кога и да било, потребни се, пред сè,  самопрегледите, превенцијата и раното детектирање на состојбите.   (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Потврден одличниот кредитен рејтинг на Сава Ре од страна на AM Best

Објавено

на

По редовниот годишен преглед, агенцијата за рејтинг AM Best го потврди „A“ рејтингот на финансиската моќ и „А“ долгорочен кредитен рејтинг на Сава Ре,  при што перспективата ја оцени како „стабилна“. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав финансиски многу силна и со стабилно работење

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг „AM Best”, при редовниот годишен преглед, на Заваровалница Триглав и на Позаваровалница Триглав РЕ повторно им ги потврди бонитетната оценка »A« (одлично) за финансиска моќ и долгорочната бонитетна оценка за кредитна способност на издавачот »a«. Бонитетните оценки имаат стабилна среднорочна прогноза, и се одраз на очекувањата на агенцијата, Триглав среднорочно да го зачува доброто работење, својата силна финансиска позиција и водечката пазарна улога во Словенија и во регионот, каде што Групацијата е присутна. (more…)

Продолжи со читање

Популарно