Connect with us

Домашни банки

Винер Лајф и Шпаркасе банка со сите детали за долгорочните кредити во комбинација со животно осигурување

Објавено

на

Се почесто во понудите на банките за долгорочните кредити како што се станбените се нуди и можност за отворање на животно осигурување како дополнителна гаранција која ќе ја обезбеди наплатата на самиот кредит со што се прави комбинација на услугите на банките и осигурителните друштва.

Кредитобарателите притоа треба да знаат повеќе детали кои се од голема важност, а тоа е видот на животното осигурување кое може да биде со штедна компонента како и неопходноста од внес на точни информации за здравствената состојба. Доколку се случи осигурителниот настан за да се исплати полисата, а со тоа и да се покрие сумата на кредитот потребни се точни информации за осигурителната компанија.

За досегашното искуство за понудата на долгорочни кредити покриени и со осигурителни полиси за животно осигурување со или без штедење, повеќе информации добивме од страна на Винер Лајф осигурување и Шпаркасе банка Македонија. Двете финансиски институции велат дека изборот на кредитните и осигурителните производи зависат од потребите и преференциите на самиот клиент, а дека досега ваквата комбинација дала одлични резултати.

Банкарство: Колку банките се потпираат на барање за дополнителен колатерал при одобрување на долгорочни кредити односно полиса за кредитно животно осигурување?

„Покрај со стандардните кредитни производи, понудата на Банката одамна е збогатена со производи кои се во комбинација со полиса за животно осигурување. Збогатувањето на понудата неминовно води кон поголеми можности за избор од крајниот корисник. Различните облици на едукација на населението за подигнување на свесноста за осигурувањето низ годините вроди да клиентите веќе го препознаваат бенефитот од производите кои се комбинација од банкарски и осигурителни. Денеска најголемиот дел од клиентите сами ги бараат таквите производи. Конкретно Банката ги има дизајнирано кредитните производи на начин да корисникот биде заштитен со полиса при поголемо задолжување што најчесто е со подолг период на отплата”, изјави Дејан Шулески, Директор на Дирекција за развој и поддршка на продажба во Шпаркасе Банка Македонија.

Банкарство: Во каков однос се наоѓаат во таков случај кредитокорисникот, банката која го одобрила кредитот и осигурителната компанија и каква е придобивката на сите засегнати страни?

„Придобивката е голема: при подигнување на кредитот клиентот го осигурува целиот кредитен износ. Тоа значи дека во случај на несакан настан Осигурителната компанија го исплатува кредитот на Банката заштитувајќи го семејството или најблиските на кредитокорисникот од наследени долгови. Во суштина ризикот од ненаплата на долгот при вакви настани се префрлува од двајцата главни учесници во кредитниот однос (кредитокорисник и Банката) на Осигурителната компанија”, вели Шулески.

Банкарство: Дали оваа полиса е повратна и при затварање на кредитот, на клиентот му се исплаќа некаков надомест?

„Во развојот на производите Банката и Осигурителната Компанија се водеа од задоволување на различните потреби на клиентите. Во таа насока беа дизајнирани кредитни производи во комбинација со полиси со и без штедна компонента. И двата вида на производи обезбедуваат целосна осигурителна заштита за време на отплата на кредитот. Разликата е по затварањето на кредитот. Имено кај производите со штедна компонента клиентот располага со заштедените средства кои ги штедел за време на отплатата. Кај производите без штедна компонента можноста за паралелно штедење е исклучена меѓутоа ваквите производи се подостапни од аспект на износот на премијата кој е релативно низок. Изборот меѓу производите со и без штедна компонента го прават клиентите согласно индивидуалните преференции”, вели Мартин Теов, Член на Управниот Одбор во Винер Лајф.

Банкарство: Располагате ли со податоци дали има случаи на погрешно внесени податоци за здравствената состојба на осигуреникот и како ова влијае врз можноста за исплата на полисата за животно осигурување, а со тоа и гаранцијата за исплата на самиот долгорочен кредит?

„Во досегашната продажба на кредитите во комбинација со полиси за животно осигурување не е забележано значително појавата на погрешни податоци за здравствената состојба на осигуреникот. Клиентот е запознаен дека во моментот на аплицирањето за производот неопходно е правилно да биде утврдена неговата здравствена состојба која адекватно се рефлектира на висината на премијата за осигурување. Тоа воедно е пресудно за исплатата на осигурената сума те. кредитот доколку се случи осигурениот настан. Имено погрешните податоци за здравствената состојба единствено го оптоваруваат клиентот со ризик од неможност да ја користи полисата, сметаат банката и осигурителната компанија”, заклучи Дејан Шулески.

Банкарство: Дали досега има случаи на активирана полиса за животно осигурување на корисник на кредит и дали неговото семејство во случај на немил настан е целосно ослободено од преостанатиот долг кон банката?

„Досега имаме повеќе случаи на активирање полиси за животно осигурување на корисниците на кредити. Се работи за многу едноставна процедура на пријавување на штетата при кое осигурителната компанија има обврска најдоцна во рок од 14 дена, по доставената документација од страна на корисниците да ја исплати штетата, односно да го покрие останатиот отворен износ на кредит во Банката. Семејството на клиентот е целосно ослободено од понатамошни трошоци во врска со кредитот”, изјави Мартин Теов.

Домашни банки

ТТК Банка со известување за експозитура Скопје Ѓорче Петров

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека услугите на експозитуратa на Банката на бул. „Партизански одреди” бр. 171а  во општина Ѓорче Петров, Скопје ќе можат да ги користат заклучно со 31.1.2020 година (петок). Услугите преку банкоматот (исплата на средства, проверка на состојба на сметка, промена на ПИН итн.) и понатаму ќе бидат достапни на истата локација. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкоматот на ТТК Банка во градот Пробиштип

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека од 23.1.2020 година, банкоматот на банката во градот Пробиштип е поставен на нова локација во рамки на хотелот „Сан Нико“ на ул.„Јордан Стојанов“ бр. 2, Пробиштип. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова услуга од Комерцијална банка – Уплата на дневен промет во готово на банкомат

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје овозможи нова услуга за клиентите правни лица кои вршат уплата на дневен промет во готово. Од 01.01.2020 година сите правни лица кои поседуваат Visa Business Debit дебитна картичка може да извршат уплата на готовина на банкомат по основ на дневен промет. (more…)

Продолжи со читање

Популарно