Connect with us

Останато

Вилма Учета Дузлевска – еден од најуспешните млади бизнис лидери од Југоисточна Европа

Објавено

на

По поминати два мандата на функцијата генерална директорка во Кроација осигурување – живот АД Скопје, Вилма Учета – Дузлевска изгради компанија која стана лидер на пазарот за животно осигурување и препознатлив бренд на македонскиот осигурителен пазар.

Под нејзино управување, компанијата двојно го зголеми капиталот над законскиот минимален цензус и тоа низ процес на органски раст и како резултат на акумулирани добивки од работење, премијата за осигурување ја зголеми четирикратно или во апсолутнен износ, 620 милиони денари раст за периодот, додека профитот на компанијата го зголеми за 10-на пати во апсолутен износ, односно над 70 милиони денари, по групациски стандарди. Импозантен е растот и на средствата под управување кои во нејзиниот мандат се зголемуваат за 2,5 милијарди денари.

Компанијата за животно осигурување со лидерска позиција на пазарот за животно осигурување од 44% во ноември 2019 година ја предава на нов менаџерски тим да го продолжи растот. Токму затоа, развојот на една мала компанија во вистински лидер на пазарот за животно осигурување претставува личен печат во нејзината долгогодишна кариера.

По постигнатиот успех во Кроација осигурување – живот Скопје, Вилма Дузлевска ангажманот го продолжува во рамки на групацијата Кроациа осигурување, во друштвото за неживотно осигурување, кое работи на македонскиот пазар. Во краток период од неколку месеци, под нејзино водство, компанијата го зголемува својот основен и дополнителен капитал за 138 милиони денари, но и се стекнува со сертификат од  Lloyd’s Register под меѓународниот стандард за квалитет ИСО 9001:2015.

Учета – Дузлевска оваа година беше избрана за еден од најуспешните млади бизнис – лидери од Југоисточна Европа.

„Business Elite Awards”  е бренд на „Global Top Brands Awards”, креиран да го оцени и награди успехот на бизнисмените низ светот и да ги поврзе меѓусебно, создавајќи една глобална мрежа  од млади бизнис – лидери кои ќе имаат понатамошна можност за соработка и раст на компаниите кои ги претставуваат. Програмата е посветена на извонредни млади менаџери и претприемачи.

Изборот е направен од страна на борд составен од признати бизнисмени и јавни личности од Европа и светот, а наградата Business Elite’s „40 under 40“  Учета – Дузлевска ќе ја добие во Милано, Италија.

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЗА НИВ НЕМА КРИЗА – Словенечкиот БДП скокна за 8,2 проценти во вториот квартал

Објавено

на

Според податоците на Националното биро за статистика на Словенија (Сурс) обемот на бруто домашниот производ на Словенија во вториот квартал од годинава се зголеми за 8,2 проценти на годишна основа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно