Интервјуа
Виктор Стојкоски: Со следење на успешни примери се подобруваат сервисите во е-трговијата и банкарството


Напредокот на технологијата и забрзаната дигитализација создаваат одлични можности за водење на бизнис и отворање на нови потенцијали во економијата. Секако, потребна е синергија на сите надлежни институции, а Банкарство.мк како специјализиран портал за банкарскиот и финансискиот сектор ја презеде одговорноста за зголемување на компетитивноста преку квалитетно информирање за услугите кои се нудат на пазарот што треба да води кон поголема компетитивност и подобри услови за крајните корисници.
Во кампањата која ја иницираше Банкарство.мк, се вклучува и Виктор Стојкоски од Асоцијацијата за е-трговија кој вели дека токму банките, нивното функционирање и оперативност се клучни во развојот на е-трговијата во Северна Македонија, како и поголемата вклученост како на трговците така и на самите корисници за поедноставно плаќање и купување.
„Банките се една од главните алки во синџирот наречен е-трговија. Банкарство.мк, покрај што не информира за сите новости и случувања од финансискиот сектор, ги следи и светските трендови кои се поврзани со е-трговија. Споделувајќи ги ваквите информации од успешни примери во странство придонесува и за подобрување на сервисите во банкарскиот сектор дома, со што и директно помага и кон подобрување на е-трговијата“, вели Виктор Стојкоски генерален секретар на Асоцијација за е-трговија на Македонија за кампањата на Банкарство.мк.
Секогаш на страната на корисниците, ја подигнуваме конкуренцијата во банкарскиот сектор. Најважните информации за банкарскиот сектор и финансиите во државата на едно место со цел подобра информираност на клиентите за да можат да носат подобри одлуки.
Финансиско информирање достапно за секој, за подобри услуги за клиентите, е главното мото во кампањата која ќе трае во наредниот период и во која ќе учествуваат релевантни предводници на банкарскиот и финансискиот сектор, како и на регулаторните тела од овие гранки.
Интервјуа
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности


Пантелеон ГС е домашна компанија која што нуди аутсорсинг услуги на американскиот пазар, односно комплетна алокација на деловни процеси и вработени.
Интервјуа
Интервју КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ: Македонија во изминатите 25 години “преживеа” 10 шокови, но ниту еднаш не го промени девизниот курс


Маја Кадиевска Војновиќ е финансиски експерт и поранешен вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. (more…)
Интервјуа
Очекувања на менаџментот на ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година


На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)
- Останатопред 2 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје