Connect with us

Криптовалути

(ВИДЕО) EXIT – првиот голем фестивал кој воведува плаќање со биткоини

Објавено

на

Фестивалот „EXIT”, еден од најголемите и најнаградуваните музички фестивали во Европа, одлучи да се приклучи на глобалната крипто-револуција како прв голем фестивал во светот што ќе овозможи купување на билети со биткоини, познатиот дигитален систем на плаќање на планетата, соопшти ПР-от на фестивалот Дијана Бабиќ.

„Ние ја донесовме таа одлука поради растот на блокчејн технологијата и дигитални криптовалути. Тоа беше идеја да се остане во чекор со дигиталните технологии и нашата технолошки писмена публика“, изјави Бабиќ.

Фестивалот, кој оваа година слави 20-годишен јубилеј, се одржува традиционално на бреговите на Дунав во Нови Сад. „EXIT” беше прогласен за најдобар европски фестивал во 2013 и 2017 година, а медиумите како „BBC”, „The Newyork Times” и „The Guardian” му дадоа епитети најдобар светски фестивал, најдобра локација, најубава атмосфера итн.

„Идејата е од 8-ми до 11-ти јули да се слави животот на Петроварадинската тврдина, по една година одкога видовме како изгледа животот без музика во живо, без контакт помеѓу публиката и изведувачите и без заеднички контакт помеѓу луѓето. Во моментов, имаме повеќе од 50 потврдени изведувачи, меѓу кои се Дејвид Гета, Тига, Đ Змија, Борис Брејча, Пол Калбренер, Нина Кравиќ, Асаф Авидан, Сабато…“, изјави Бабиќ.

Фестивалот „EXIT” има просечно околу 200.000 посетители, а досега учествувале светски ѕвезди кои изведувале разни видови популарна музика како што се рок, џез, поп, рап, ги виделе луѓе од повеќе од 90 земји. Оваа година на фестивалот може да се влезе со посебни мерки.

„Тоа значи дека ќе биде потребен или сертификат за вакцинација или негативен PCR тест, не постар од 48 часа или брз антигенски тест кој ќе се направи непосредно пред влегувањето или потврда дека посетителот го има прележано Ковид-19 вирусот. Сите детали за капацитетот, односно бројот на посетители, бројот на фази (стејџови), за влез на странци во земјата ќе бидат дефинирани во следните недели, а тие услови ќе ги утврди Владата на Србија“, потенцираше Бабиќ.

Водечките српски фестивали објавија протокол за тоа како да се влезе на овие собири, а 21-ви јуни е поставен како ден кога повторно ќе може да се одржат големи настани во Србија, што беше прифатено како план од Кризниот штаб. Во моментот , најмалку 50 проценти од возрасната популација во земјата е вакцинирана и епидемиската состојба е поволна. Од „EXIT” велат дека нема да има смени или одложувања на фестивалот.

Криптовалути

БИТКОИНОТ ГИ УРНА СИТЕ РЕКОРДИ – достигна историски највисоко ниво од над 66.000 долари!

Објавено

на

Цената на најпознатата светска криптовалута – биткоинот повторно вртоглаво расте, надминувајќи ја границата од 65.000 американски долари и притоа го оствари историски највисокото ниво досега. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин

Објавено

на

Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесува „CNN”. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот со рекордна вредност во последните шест месеци

Објавено

на

Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април. (more…)

Продолжи со читање



Популарно