Connect with us

Домашни банки

(ВИДЕО) Сопственици на банка во Македонија се најдоа во „Пандора документите“

Објавено

на

Двајца сопственици на УНИБанка имале офшор компании на Британските девствени острови, открива истражувачкиот веб сајт „bird.bg” од Бугарија. Станува збор за Ивајло Мутафчиев и Цеко Тодоров Минев кои имаат по 36,45% од сопственоста на УНИ банка која работи во Македонија.

Двајцата се квалификувани акционери. Повикувајќи се на документи од Пандора, бугарските банкари имале регистрирано офшор компании преку Тридент од Британските девствени острови. Фирмите поврзани со нив земале кредити од Првата инвестициска банка, банка во Бугарија во која исто така сопственост имаат Мутафчиев и Минов.

Во истражувањето е откриено дека покрај нивните фирми, кредити од банката земале и оф шор компании кои се во сопственост на кипарски Грк, а се поврзани со истите бугарски банкари.

Од ПИБ реагираа на наводите од новинарското истражување, велејќи дека станува збор за постари и веќе познати информации за проблематичното работење на банката пред петнаесетина и повеќе години, а не за нови откритија.

Пандора документите, последниот проект на новинарскиот истражувачки конзорциум открива многу политичко-бизнис шеми со оф шор компании низ целиот свет. За Македонија е наведено дека има две оф-шор фирми поврзани со сопственици од Македонија, но други детали не се наведени.

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од магазинот The Banker

Објавено

на

За „Банка на годината во 2021 година во Република Северна Македонија“ е прогласена Комерцијална банка АД Скопје. Оваа престижна награда финансискиот магазин The Banker ѝ ја доделува на Комерцијална банка втора година по ред, препознавајќи ги нејзината клучна улога во поддршката на економското закрепнување во земјава и излегувањето во пресрет на потребите на клиентите.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кире Наумов и Фарук Исмаили ќе продолжат да раководат со Развојната банка

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Петер Зелен реименуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно