Connect with us

Странски банки

(ВИДЕО) Сбербанк разви робот кој ги уништува сите видови на вируси, вклучително и Ковид-19

Објавено

на

Пандемијата на коронавирусот го поттикна развојот на бројни иновативни технолошки решенија. Десетици илјади истражувачи, медицински лица и инженери низ целиот свет деноноќно работат на пронаоѓање на можности и алтернативи со цел да им помогнат на професионалците да го спречат ширењето на опасниот вирус.

Во овие напори се приклучи и лабораторијата за роботика на руската „Сбербанк”, која разви прототип на робот за дезинфекција во борба против пандемијата COVID-19.

Роботот е опремен со УВ ламби со вкупна моќност од 100 вати за дезинфекција на просторија од 20 м2 за 5 минути. Прототипот може да ги уништи сите видови на патогени микроорганизми, вклучително и вирусни инфекции на површина поголема од 2500 квадратни метри во текот на ноќта, пишува во известувањето од „Сбербанк”.

Роботот е автономен и безбеден, може да се самодезинфицира во просторијата и автоматски да прекине дезинфекцијата кога некое лице ќе влезе во собата.

„Сбербанк освен што е една од водечките руски банки, исто така е и технолошка компанија. За време на оваа ситуација, како и многу други големи корпорации, решивме да ги искористиме сите наши ресурси за да помогнеме во потиснување на вирусот. Различни служби на групацијата Сбербанк работат кон остварување на оваа заедничка цел. Проектот на нашата лабораторија за роботика е вистински доказ за тоа. Затоа, технолошкото решение дизајнирано од нашата лабораторија е многузначајно не само за време на пандемијата на вирусот COVID-19, туку ова е универзален робот кој ќе се користи и за време на сезонски епидемии на грип и акутни респираторни инфекции“, рече Станислав Кузњецов, заменик претседател на Извршниот одбор на Сбербанк.

Прототипот засега се тестира во филијалите на „Сбербанк” во Русија, а банката се надева дека наскоро ќе може да се користи и во болници, образовни институции, јавен превоз и други јавни места за превентивна дезинфекција и ќе биде од огромна помош да се ограничи или спречи ширењето на коронавирусот, но и други вируси.

Како функционира роботот можете да погледнете на следното видео.

Останато

Домаќинствата во земјите од еврозоната продолжуваат да го зголемуваат задолжувањето во банките!

Објавено

на

Домаќинствата во еврозоната продолжија брзо да позајмуваат од банките минатиот месец, привлечени од ниските каматни стапки и економското закрепнување од пандемискиот пад, покажаа во вторникот податоците на Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Џенет Јелен: Банките да мобилизираат капитал за борба против климатските промени

Објавено

на

Американската министерка за финансии Џенет Јелен им порача на лидерите на Светска банка и другите развојни банки да смислат конкретни планови за мобилизирање на значително поголем капитал за борба против климатските промени и намалување на емисиите на стакленички гасови. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарскиот банкарски гигант UBS им овозможува на вработените хибриден начин на работа

Објавено

на

Швајцарскиот банкарски гигант „UBS” одлучи да дозволи дури две третини од своите вработени трајно да работат на хибридниот ангажман. (more…)

Продолжи со читање

Популарно