Connect with us

Останато

(ВИДЕО) Најбогатиот Кинез предупредува: Технологијата може да доведе до трета светска војна

Објавено

на

Кинескиот милијардер Џек Ма предупреди дека технологијата може да доведе до трета светска војна. За време на Светскиот економски форум во Давос основачот на платформата за онлајн трговија Alibaba прокоментира дека историјата е показател дека технолошките иновации се главен фактор за глобалните конфликти.

„Првата светска војна се должи на првата технолошка револуција, втората технолошка револуција ја предизвика Втората светска војна, се приближува Третата технолошка револуција“, заклучи Ма.

Ова не е прв пат, Џек Ма да даде предупредување на оваа тема. Тој, исто така, зборуваше на оваа тема и во 2017 година.

Слични предупредувања се направени од други лидери во технолошката индустрија. Извршниот директор на „Tesla“, Елон Маск минатата година изјави дека конкуренцијата меѓу владите за лидерство во областа на вештачката интелигенција најверојатно ќе биде причина за трета светска војна.

Останато

Членките на Македонската банкарска асоцијација се сретнаа со министерот за финансии

Објавено

на

Денес, претставници на сите членки на Македонската банкарска асоцијација, банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро се сретнаа со мининстерот за финансии, д-р Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Законот за буџет е готов и поставен на Енер

Објавено

на

Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ФИТР: Отворен јавниот повик за иновациски ваучери – високообразовните институции се вклучуваат во развојот на домашната економија

Објавено

на

Од утрово е отворен јавниот повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри. (more…)

Продолжи со читање

Популарно