Connect with us

Странски банки

(ВИДЕО) Лабораторијата за роботика во Сбербанк разви робот кој ги уништува сите видови на вируси

Објавено

на

Лабораторијата за роботика на руската „Сбербанк” разви прототип на робот за дезинфекција во борба против пандемијата COVID-19.

Роботот е опремен со УВ ламби со вкупна моќност од 100 вати за дезинфекција на просторија од 20 м2 за 5 минути. Прототипот може да ги уништи сите видови на патогени микроорганизми, вклучително и вирусни инфекции на површина поголема од 2500 квадратни метри во текот на ноќта, пишува во известувањето од „Сбербанк”.

Роботот е автономен и безбеден, може да се самодезинфицира во просторијата и автоматски да прекине дезинфекцијата кога некое лице ќе влезе во собата.

Прототипот засега се тестира во филијалите на „Сбербанк” во Русија, а банката се надева дека наскоро ќе може да се користи и во болници, образовни институции, јавен превоз и други јавни места за превентивна дезинфекција и ќе биде од огромна помош да се ограничи или спречи ширењето на коронавирусот, но и други вируси.

Како функционира роботот можете да погледнете на следното видео.

Странски банки

Русија го урна рекордот во количеството на резерви на злато

Објавено

на

Русија го урна рекордот во количеството на златни резерви кои надминаа 618,2 милијарди долари. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Шпаркасе банка добива екслузивно право да издава картички на Дајнерс Клуб!?

Објавено

на

Шпаркасе банка потпиша договор за купување на “Erste Card”, која во Словенија има ексклузивно право да издава картички на Дајнерс Клуб и да склучува договори за прифаќање картички на продажните места, пренесува „Bonitet.com”. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Како рускиот банкарски гигант стана највредна европска банка!?

Објавено

на

На 7-ми октомври, „Sber“ (порано позната како „Sberbank“) стана највредната банка во Европа. Претходно, првото место го држеше британската „HSBC“, објавија руските медиуми. (more…)

Продолжи со читање



Популарно