Connect with us

Форекс

Видео конференција за регионалниот проект за инвестициски анализи

Објавено

на

По повод официјалното започнување на новиот регионален проект за изготвување на инвестициски анализи на котирани компании во регионот на ЈИЕ, поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), беше одржана видео конференција.

Првите четири извештаи веќе се објавени на специјално креираниот портал Listed SME Research Hub. Проектот ќе трае две години и ќе обезбедува бесплатни инвестициски анализи за сите вклучени компании од страна на консултантската куќа „WOOD & Company.”, при што се планира изготвување на најмалку по пет извештаи по компанија.

На денешниот промотивен настан свое излагање имаа претставници на ЕБОР и директорите на берзите од Словенија, Хрватска, Романија, Србија, Бугарија и Северна Македонија.

Главниот извршен директор на Македонска берза, г-дин Иван Штериев, во своето излагање уште еднаш ја потенцира важноста од потребата за систематска и континуирана инвестициска анализа на македонските котирани друштва, а воедно потенцираше дека берзанскиот промет со трите наши компании вклучени во овој проект оваа година изнесува над 65% од редовното тргување во БЕСТ системот.

Инаку, во проектот учествуваат вкупно 20 компании котирани на 6 берзи и истиот има за цел да ја зголеми јавната достапност на инвестициски анализи за котираните компании и со тоа да ја пополни информациската празнина од овој вид инвестициски алатки. Македонскиот пазар на хартии од вредност, иако најмал во оваа група, доби три места, односно во него се вклучени Алкалоид АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.

Иницијалните инвестициски анализи за македонските компании се планирани за септември за Алкалоид АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје, односно за декември, за НЛБ Банка АД Скопје.

Форекс

Колумна на Иван Штериев за “ZSE-Blog”: ПОВЕЌЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР!

Објавено

на

Директорот на Македонска берза, г-дин Иван Штериев во колумна за блогот на Zagrebačka burza – Zagreb Stock Exchange „Burzin briеf“ ги дефинира спецификите на македонскиот пазар за хартии од вредност. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 900 милиони денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-5628/1 од 05.08.2020, почнувајќи од 10.08.2020 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државни обврзници во вредност од 900 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец јули

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец јули 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно