Connect with us

Странски банки

(ВИДЕО) Град во Италија печати свои пари за да им помогне на локалното население и претприемачите

Објавено

на

Градоначалникот на Кастелино дел Биферна, мал италијански град со само 550 жители, повеќе од 12 години анализира и тестира монета која ќе биде препознатлива за ова мало градче, а пандемијата на коронавирусот конечно му даде можност да ги тестира своите способности.

„Одлучивме да печатиме пари за да се осигураме дека локалната економија може да го издржи влијанието на сегашната состојба. Без оглед колку е мала оваа економија, сèуште има три или четири компании кои се отворени во овој град, освен кафулињата или пабовита“, рече градоначалникот Енрико Фратанџело.

Банкнотите “Ducati” им се дистрибуираат на жителите на Кастелина дел Биферно според нивните економски потреби. Илјадници банкноти „Ducati“ веќе се потрошени во локалните продавници на италијанскиот град.

Така, на секои две недели, продавниците ги испраќаат насобраните банкноти „Дукати“ до градскиот совет и добиваат соодветна сума во евра за нив.

Пет банкноти „Ducati“ вредат пет евра, со цел да се избегнат збунувачките конверзии на валутата, што е олеснување особено за постарите лица.

Градоначалникот Фратанџело смета дека ова воедно е можност и да се зголеми чувството за припадност кон градот, бидејќи банкнотите прикажуваат локални симболи како црквата, јавниот базен или статуата на Дева Марија.

Градскиот совет на Кастелино дел Биферна досега им подели банкноти „Ducati“ на повеќе од 200 семејства во градот. Жителите на ова мало градче банкнотите можат да ги трошат на основни прехранбени производи, како на пример месо, каде досега се потрошени скоро 4.000 „Ducati“.

Банкнотите „Ducati“ се печатат само на локално ниво и може да се користат исклучиво во овој италијански град.

Антонио Ланакон, сопственик на печатницата „Linea Molise Pubblicità”, објасни како тие всушност се произведуваат.

„Ние користиме хартија означена со жигови, а потоа ги печатиме банкнотите според дизајнот договорен од администрацијата. Потоа ја ламинираме хартијата и конечно ги сечеме банкнотите во согласност со договорените димензии“, објасни Ланакон.

Странски банки

Светска банка: Јавниот долг драстично се зголемува бидејќи македонската економија силно е погодена од Ковид-19

Објавено

на

Светската банка не е загрижена за зголемувањето на јавниот долг во земјата. Оттаму истакнуваат дека иако јавниот долг за една година се зголемил за 10 – 11% од БДП и проценуваат годинава да достигне до 61.6% од БДП, сепак очекуваат дека буџетската дупка ледната година ќе се намали. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно