Connect with us

Останато

(ВИДЕО) Апел од Давос: Светот да прифати 4 дневна работна недела

Објавено

на

Пократкото работно време би имало низа погодности за работниците и работодавците, а светот би требало да прифати работна недела од четири дена.

Ова го порачаа психологот Адам Грант и економистот и историчар Рутгер Брегман на Светскиот економски форум во Давос.

“Мислам дека имаме некои добри експерименти кои покажуваат дека ако го намалите работното време, луѓето подобро и поефикасно ќе го насочат своето внимание, па ќе изработат исто колку и за подолго работно време, а тоа често ќе биде поквалитетно и покреативно. Исто така, ќе бидат и полојални кон организациите кои се подготвени да им дадат флексибилност за да се грижат за својот живот надвор од работа”, изјави Адам Грант, психолог од Вортон институтот при Универзитетот во Пенсилванија.

Економистот и историчар Рутгер Брегман, автор на книгата Утопија за реалисти, се согласи со Грант и објасни дека пократка работна недела всушност и не е толку радикална.

“Со децении, најзначајните економисти, филозофи, социолози, верувале, дека до 1970-та година ќе работиме се помалку. Во 20-тите и 30-тите години од минатиот век постоеле големи капиталистички претприемници кои откриле дека, ако ја скратите работната недела, вработените стануваат попродуктивни. Хенри Форд, на пример, открил дека, ако се промени работната недела од 60 на 40 часа, вработените ќе станат попродуктивни, бидејќи не би биле толку изморени во своето слободно време”, рече Брегман.

Ова гледиште е поддржано од страна на академско истражување. Повеќекратните истражувања го поддржуваат ставот дека пократка работна недела би ги направила луѓето посреќни и попродуктивни, додека податоците од OECD покажуваат дека земјите со култура на подолго работно време често имаат лош резултат за продуктивност.

Во меѓувреме, една компанија на Нов Зеланд, која минатата година ја осудила четиридневната работна седмица, се премислила и потврдиле дека ќе ја усвои мерката на трајна основа.

Академиците кои го проучувале истражувањето пријавиле пониско ниво на стрес, повисоко нив на задоволство од работата и подобро чувство на рамнотежа меѓу работата и животот. Тие велат дека работниците биле 20 проценти попродуктивни.

Останато

Ангеловска: Инвестиции во луѓе, технологии и ефикасна администрација за посилно темпо на економски раст

Објавено

на

Инвестицијата во човечкиот капитал, во технологии како и реформи за брза ефикасна администрација, ќе овозможи континуитет во економскиот раст кој пак ќе биде генериран од приватниот сектор, вели во интервју за Капитал министерката за финансии Нина Ангеловска потенцирајќи дека е потребно државата преку фискалната политика да биде ветер во грб на приватниот сектор од повеќе аспекти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска и Деспотовски со предлог да се формира регионален ФИТР со седиште во Скопје

Објавено

на

Основање регионален фонд што ќе работи по примерот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е предлог што министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски го дадоа на денешниот Самит на раководители на акцелераторот за конкурентност и иновации, а седиштето на фондот би бил во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Седум нови земји на “сивата листа” на финансиери на тероризмот

Објавено

на

Меѓународната агенција за следење на финансирање на тероризмот (ФАТФ) соопшти дека додала седум нови земји на “сивата листа” поради пропусти во борбата против финансирање на терористички групи и перење пари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно