Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Вештините на најуспешните луѓе во светот

Објавено

на

Вештини кои успешни луѓе ги поседуваат е нешто кое се стекнува со тек на време. Се учи, но мора да се посвети големо внимание на нив. Вистината е дека никој од нас не е сезнајко, не е експерт во секоја област. Меѓутоа за да се биде успешен треба да поседуваш одредени вештини кои ќе влијаат на твоето знаење, личен напредок и успех во бизнисот.

Успешните луѓе знаат да останат фокусирани, особено ако водат сопствен бизнис. Водењето сопствен бизнис значи соочување со многу фактори. Тие секојдневно влијаат на бизнисот и ја отежнуваат работата на претприемачите и затоа треба да знаат кои фактори се најзначајни и се фокусира на нив. Сопствениот бизнис носи и развој на менаџерски вештини. Успешен бизнис значи поставување на вистинските луѓе на вистинските работни места. Успешените менаџери знаат како да ги менаџираат луѓето во компанијата.

Успешните луѓе знаат како да излезат од својата комфорна зона, знаат како да ја видат големата слика на бизнисот. Лесно е да се фокусираш на секојдневните активности, но долгорочната визија е главниот фокус на успешните луѓе.

Способноста да паузираат, да се видат себе си и проектираат во иднина, но и желбата и споснобноста за учење се карактеристики кои луѓето ги прават успешни. Учете од своите и од грешките на другите. Барајте совети.

На крајот на денот, упорноста и работата се клучот на успехот и се златно правило за блескава кариера.

Останато

Journey to Audit Challenges – Професионален едукативен настан во организација на Здружението на внатрешни ревизори и Институтот на овластени ревизори

Објавено

на

Во интерес на заедничката соработка и промоцијата на професиите интерна и екстерна ревизија, Здружението на внатрешни ревизори и Институтот на овластени ревизори организираа професионален едукативен настан со наслов The Journey to Audit Challenges/Во чекор со предизвиците на ревизијата, кој се одржа во хотелот „Холидеј Ин“. Настанот претставуваше исклучителна можност за професионално усовршување, дискусија за улогата на интерната и екстерната ревизија во заштитата на интересите на акционерите и заинтересираните страни, како и дискусија за квалитетот на финансиското известување и интерните контроли со претставниците на ревизорската професија, финансиската и деловната заедница и регулаторните институции. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Вештачката интелигенција ќе остави 10 милиони банкари без работа до 2030 година

Објавено

на

Студијата на IHS Markit предвидува дека Вештачката интелигенција (AI – Artificial Intelligence) ќе им заштеди 300 милијарди долари на банките до 2030 година, истовремено оставајќи околу десет милиони банкари без работа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Иванка Трамп: Jа одбив понудата за работа во Светска банка

Објавено

на

Советничката во Белата куќа, Иванка Трамп, во интервју за AP, објасни дека одбила работа како шефица во Светска Банка бидејќи е среќна со нејзината сегашна функција во администрацијата, пренесува Independent. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange