Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Вештачката интелигенција ќе остави 10 милиони банкари без работа до 2030 година

Објавено

на

Студијата на IHS Markit предвидува дека Вештачката интелигенција (AI – Artificial Intelligence) ќе им заштеди 300 милијарди долари на банките до 2030 година, истовремено оставајќи околу десет милиони банкари без работа.

Во 2017 година, глобалната консултантска компанија McKinsey&Co., предвиде дека од процесот на автоматизација околу 800 вработени ќе останат без своите работни места до 2030 година.

Вредноста на вештачката интелигенција во банкарскиот сектор во 2018 година, се проценува на 41,1 милијарди долари, што вклучува заштеда на трошоците и ефикасност во воведувањето на АИ технологијата во споредба со задржување на постоечката инфраструктура и процеси.

“Иновативните можности кои вештачката интелигенција ќе ги направи за финансиските услуги ќе бидат трансформативни. Вештачката интелигенција е подготвена да ги предизвика и да ги замагли нашите концепти за компјутери и “природен” човек. Оваа промена мора да бара деловните субјекти и владите да развијат експанзивно предвидување и критичко разбирање за целосното влијание на дигитализацијата и новите технологии”, изјави Дон Таит, главен аналитичар во IHS Markit.

Со воведувањето на вештачката интелигенција во банкарската индустрија,отказите на дел од работниците и реорганизацијата на работните места се неизбежни за вештачката интелигенција да ја зголеми продуктивноста на компанијата.

Со зголемување на бројот на клиенти, се создава дополнителен товар за банките. Во дигиталната ера, банките сè повеќе инвестираат во иновативни технологии, вклучувајќи ги и системите за вештачката интелигенција, кои автоматски можат да им помогнат на клиентите без физичко присуство на вработен.

Развојот на вештачката интелигенција е долг и тежок процес, на коишто работат високо развиени софтвери.

Во банкарството, технологијата за вештачка интелигенција се развива за различни апликации (како виртуелни паричници, електронско банкарство итн…). Апликациите мора да бидат сигурни и безбедни од ризикот од нивна злоупотреба.

Во извештајот се предвидува дека Северна Америка ќе биде најголемиот пазар за вештачка интелигенција во банкарството помеѓу 2018 и 2023 година. Вештачката интелигенција во регионот на Северна Америка веројатно ќе се намали помеѓу 2024 и 2030 година, кога Азија-Пацифик, Европа и другите глобални региони ќе воведат повеќе решенија за вештачка интелигенција во банкарскиот сектор.

“Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Хонг Конг и Сингапур најверојатно ќе ја зголемат побарувачката за вештачка интелигенција во банкарскиот сектор во текот на следните десет години”, додаде Таит.

Анализи

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

Објавено

на

Во денешни услови евидентно е дека луѓето живеат подолго и поздраво, така што, со оглед дека се продолжува животниот век, ќе им требаат повеќе ресурси за да можат да живеат квалитетно и во староста. Поради ова, за обезбедување пристоен животен стандард во староста, треба навреме да се размислува и да се преземе одговорен пристап за планирање на својата иднина. Октомври, светскиот месец на штедење, можеби е идеален момент за да го преземете овој чекор и да почнете да штедите за посигурни пензионерски денови. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Колку милијарди губи Балканот од непријавените работници?

Објавено

на

Регионалниот совет за соработка откри дека економиите од Западен Балкан и натаму се соочуваат со нелојална конкуренција со непријавени работници. Штетите за буџетите се проценуваат на неколку милијарди евра, односно тоа е загубен потенцијал кој може да се искористи за вложувања во инфраструктурата и подобрување на сервисите за компаниите. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Предлогот за зголемување на минималната плата да се одмери уште еднаш

Објавено

на

Зголемувањето на минималната плата за 16 отсто што го најави Владата треба да се одмери уште еднаш, велат од Институтот Finance Think. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange