Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

“Вечна обврзница” ќе издаваат банките

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 2-рата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе одлука банките да можат да издаваат нова хартија од вредност – перпетуална обврзница, со што се збогати понудата на македонскиот пазар на капитал со уште еден  финансиски инструмент.

Тоа значи дека  финансиските инструменти издадени од банка како капитални инструменти  во  форма на перпетуални обврзници  кои можат да се вклучат во додатен основен капитал согласно Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот од  НБРМ, да се сметаат за хартии од вредност. Овие обврзници немаат рок на достасување и затоа се перпетуални т.е. ,,вечни,,. Банката како издавач може да не исплаќа камати на перпетуалните обврзници  и тие се субординирани во однос на сите други инструменти издадени од издавачот, освен во однос на обичните акции. Исто така, издавачот има дискреционо право да изврши отпис или конверзија на овие инструменти во други капитални инструменти, како и целосно или делумно да ги откупи или отпише овие хартии од вредност. Инаку, КХВ  ваква одлука донесе откако беше доставена иницијатива за признавање на капитален инструмент како други  хартии од вредност од страна на ,,УНИбанка,, АД Скопје  заради  како што наведуваат ,,исполнување на усвоениот бизнис план на Банката за 2018 година,,.

На седницата, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде четири одобренија за издавање на хартии од вредност по пат на приватна понуда.

КХВ обнови и шест дозволи за работење на инвестициски советник и четири лиценци за брокер.

Домашни банки

НЛБ Банка добитник на награда „Компанија ориентирана кон луѓето“

Објавено

на

Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк традиционално организираше Ифтар во рамки на месецот Рамазан

Објавено

на

Халкбанк и оваа година, во рамки на месецот Рамазан, традиционално организираше Ифтар за голем дел од своите партнери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк и Мастеркард и оваа година верни партнери на „Охрид ТрчаТ“

Објавено

на

Халкбанк во партнерство со Мастеркард и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ го најавија продолжувањето на својата соработка за третото издание на спортскиот хепенинг „Охрид ТрчаТ“, кој оваа ќе се одржи во периодот од 31 мај до 2 јуни во Охрид. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange