Connect with us

Останато

Вест која ја сруши вредноста на Apple за неверојатни 8 милијарди долари

Објавено

на

Акциите на Apple значително се намалија по веста дека шефот за дизајнот Џони Ив ќе ја напушти компанијата.

По веста за заминувањето на Ив, акциите на Apple паднаа за околу 0,88% во тргувањето во четвртокот, пренесува Business Insider.

Навидум, тоа не звучи премногу, но за големината на компании како Apple, тоа значи загуба од околу 8 милијарди долари во пазарна капитализација. Доколку акциите не се стабилизираат, Apple ќе чини околу 910 милијарди долари.

Во соопштението објавена во четвртокот, извршниот директор на Apple, Тим Кук се обидел да ги убеди вработените и инвеститорите дека односите на компанијата со Џони Ив ќе останат блиски и покрај неговото заминување. Џони Ив ја имаше главната улога во процесот на дизајнирање на безброј производи на Apple, вклучувајќи го и iMac и iPhone.

Следен чекор во кариерата на Џони Ив ќе биде отворањето на своја сопствена независна дизајнерска компанија наречена LoveFrom, а очигледно Apple ќе биде еден од нејзините примарни и најголеми клиенти.

“Apple и понатаму ќе има корист од талентот на Џони, соработувајќи на ексклузивни проекти директно со него и со неговиот брилијантен и страствен дизајнерски тим кој го гради”, изјави Тим Кук во соопштението. “После толку многу години на блиска соработка, среќен сум што нашиот односи продолжува да расте и да се развива и со нетрпение ја очекувам и и се радувам на соработката со Џони во иднина.” – додаде тој.

Инвеститорите не се премногу исплашени, со оглед на релативно скромниот пад на акциите, но сепак Вол Стрит веднаш одговори негативно на заминувањето на дизајнерскиот гениј од една од најголемите компании во светот.

Останато

ОЕЦД: Економското закрепнување од пандемијата на Ковид-19 ќе трае долго

Објавено

на

„За првпат од почетокот на пандемијата, има надеж за подобра иднина“, напиша главниот економист на ОЕЦД, Лоренс Бун во новата прогноза за економскиот развој на Организацијата за економска соработка и развој. Но, тој додава дека патот до закрепнување ќе биде полн со опасности и ќе трае подолго за некои земји отколку за другите. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Усвоени законските измени за државна гарантна шема и за основање фондови за развој на стопанството

Објавено

на

Министерството за финансии на својот Фејсбук профил објави дека се усвоени измените и дополнувањата на Законот за Македонска банка, со што се овозможува спроведување на државната гарантна шема која е дел од четвртиот пакет антикризни мерки и Стратегијата за заздравување и забрзан економски раст- #SmartERGrowth, како и можноста Развојна банка да формира фондови за поддршка на развојот на стопанството. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Самит Македонија 2025: Технолошкиот развој и вложувањето во човечкиот капитал клучни за економскиот развој

Објавено

на

Зголемувањето на технолошкиот развој и конкурентноста на компаниите, инвестирањето во капитални проекти и вложувањето во човечкиот капитал треба да бидат во фокусот на државата за да се постигне забрзан економски раст и да се подобри животот на граѓаните. Од голема важност е и учеството на дијаспората и нивното инвестирање во сопствената држава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно