Connect with us

Депозити

“Верверичката” на Комерцијална банка ги наградува новороденчињата

Објавено

на

„Верверичка“ повторно подготви изненадувања за сите деца што ќе се родат на 31 октомври 2020 година.

По повод Светскиот ден на штедењето, Комерцијална банка АД Скопје ќе им додели штедни книшки за детско штедење „Верверичка“ со износ од 5.000 денари. При отворањето штедна книшка, вашиот мал штедач ќе добие и специјален подарок – касичка.

Штедни книшки ќе добијат сите деца што ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот во Скопје и во другите градови во Републиката во кои Банката има свои филијали и/или експозитури. За да ги добијат донираните средства, законските застапници на децата родени на  31.10.2020 треба да ги достават потребните документи во Комерцијална банка најдоцна до 31.12.2020 година. Пред да ги достават документите на шалтерите на Банката во Скопје и во други градови, треба да извршат регистрација на нивните деца како даночни обврзници во најблиската регионална дирекција на УЈП, согласно процедурите пропишани од УЈП. Во спротивно Банката нема да биде технички во можност да изврши исплата на средствата.

Со оваа своја одговорна мисија Комерцијална банка ги учи децата уште од мали нозе да штедат и да го научат значењето на оваа важна животна навика. Затоа детското штедење „Верверичка“ е штеден производ создаден со посебно внимание, кој носи и камата со која штедниот влог на вашето дете расте.

Депозити

Капитал Банка АД Скопје со нова промотивна кампања за штедење!

Објавено

на

За секој нов отворен Стандарден депозит во денари во Капитал Банка АД Скопје со минимален износ од 300.000 денари на 12 месеци, добивате одлична фиксна каматна стапка од 1,75% , а за првите 100 штедачи и подарок вредносен ваучер од 3000 денари за шопинг кај трговските партнери на банката. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Фондот за осигурување на депозити досега исплатил 80% од вкупниот износ на обесштетување

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити ја информира јавноста дека од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,3 милијарди денари. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Нова иновативна услуга на Капитал Банка за сите штедачи – Орочување на депозит онлајн, без сметка во Капитал Банка!

Објавено

на

Отсега, штедењето во Капитал Банка достапно и од Вашиот дом! (more…)

Продолжи со читање

Популарно