Connect with us

Останато

Венко Глигоров: НБРСМ работи на прилагодување на регулативата за влез на Пејпал во Македонија

Објавено

на

Венко Глигоров, основачот на Логин Системи објави дека на покана од Народната банка на Република Северна Македонија остварил работна средба со Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и нејзиниот тим.

На средбата биле разменети информации и искуства околу регулативите и потешкотиите за воведување на Пејпал, Скрил и другите платежни процесори во Македонија.

НБРСМ има изготвено предлог-одлука за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со други зборови, се отстрануваат пречките домашни граѓани и фирми да отвораат/користат сметки во странски електронски сервиси за платежни трансакции какви што се Пејпал, Скрил и останатите за прием на пари преку електронска трговија.

Предлог-одлуката ќе биде на дневен ред за усвојување на 29 август оваа година на Советот на НБРСМ. По усвојувањето, раководството на НБРСМ е подготвено да продолжи со прилагодување на регулативата/условите кон потребите на професионалците, компаниите за побрз „влез“ на Пејпал и останатите.

Извор: LoginSystems.biz

 

Останато

Зошто шампионот за инвестирање се смета за најголем губитник меѓу милијардерите за време на Ковид-19?

Објавено

на

Според индексот на милијардери на „Bloomberg“, богатството на Ворен Бафет, актуелен претседател на „Berkshire Hathaway“, годинава се намали за околу 19 милијарди долари. Сепак, тој и натаму е меѓу најбогатите луѓе во светот, поточно шести најбогат човек со нето вредност од 70,4 милијарди долари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Корона-кризата ќе укине 400 милиони работни места во светот

Објавено

на

Меѓународната организација за труд „ILO“ очекува работните саати глобално да се намалат за 14% во вториот квартал од 2020 година како резултат на пандемијата од вирусот Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирана првата интерактивна и едукативна веб платформа за е-трговија – „E-commerce4All”

Објавено

на

Со цел едукација на населението, зголемување на конкурентноста на е-трговците, како и уште поголем раст и развој и промоција на е-трговијата во нашата земја, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, денес ја промовираше првата бесплатна и интерактивна веб платформа за е-трговија „E-commerce4All”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно