Домашни банки
Велосипедските фанатици се на потег, започнаа подготовките за втората Halk Velo Green велосипедска трка

Сите вљубеници во велосипедизмот, оние кои професионално се бават со овој спорт, но и оние кои секојдневно го користат велосипедот како превозно средство или како средство за рекреација, имаат можност да ја проверат својата физичка кондиција, но и да се забавуваат и да уживаат во природата на преубавото Маврово доколку се пријават на втората хронометар велосипедска трка Halk Velo Green која и годинава, на 8 септември ја организира Халкбанк.
Пријавувањето на учество во трката веќе е започнато и ќе трае до 31 август, односно до моментот кога ќе се исполни предвидениот број од најмногу 500 учесници.
За сите што ќе се пријават до 31 јули, котизацијата изнесува 800 денари, за пријавите од 1 до 15 август – 1000 денари, а за пријавување од 16 до 31 август – 1200 денари. На секој учесник му следува стартен пакет со чип, освежување, онлајн диплома, бесплатни фотографии од трката (Pic2Go), подарок од пријатели на трката, осигурување од несреќен случај за времетраење на трката, како и медал за завршена трка. Собраните средства од котизациите, и годинава повторно ќе се искористат за набавка на садници за пошумување на одредени површини во земјава каде што има потреба за истото. Собраните средства од ланската хронометар велосипедска трка беа искористени за набавка на 8000 дрвја со кои е извршено пошумување во Свети Николе.
И во годинешнава Halk Velo Green ќе се вози рута во должина од 22 км во правец Бистра – Леуново – Бистра, а учесниците и овојпат ќе се натпреваруваат во категориите ПРО и ХОБИ и тоа во машка и во женска конкуренција, со тоа што годинава за првпат се воведува и категорија ПРО Кидс за деца и младинци.
Категоријата ПРО ги опфаќа сите оние кои се членови на клубови во Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), но во неа можат да возат и сите оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти. Категоријата ХОБИ е наменета за велосипедистите кои рекреативно се занимаваат со овој спорт. Во ПРО Кидс, во машка и женска конкуренција, ќе се натпреваруваат и млади од 13 до 17 години, како и деца од 6 до 12 години за кои трката ќе биде во должина од 12 километри.
Трката ќе се вози хронометар, односно секој учесник ќе стартува во определено време. Стартот на трката ќе биде на големиот паркинг пред спортската сала, а на истото место ќе биде и целта. Ќе се вози до пред Хотелот Радика каде се врти полукружно и потоа се враќа назад по истата патека. На неколку места на патеката ќе има судии кои ќе се грижат за регуларноста на трката.
Халкбанк натпреварувачите ќе ги мотивира и со вредни награди. Во категоријата ПРО и во машка и во женска конкуренција, најдобрите тројца ќе добијат парична награда во износ од 30.000 за прво место, односно 20.000 и 10.000 денари за второ и трето место. Во категоријата ХОБИ наградите се во износ од 12.000, 6.000 и 3.000 денари за прво, второ и трето место соодветно.
Награди се предвидени и за најдобрите во двете детски категории и се во износ од 3.000, односно 2.000 и 1.000 денари и истите на дечињата кои ќе остварат најдобри резултати ќе им бидат уплатени на детска штедна книшка од Халкбанк.
Халкбанк АД Скопје се надева дека сите оние кои ќе земат учество во настанот покрај спортскиот дух и можноста за победа и освојување на вредна награда, ќе бидат водени и од крајната цел – придонес во зголемување на зеленилото во земјата преку пошумување и промовирање на здрави животни навики и здрав животел стил. Затоа, доколку сте вљубеници во велосипедизмот, испланирајте како убаво да го поминете неработниот ден, 8 септември. Пријавете се на www.smartrace.club и дојдете во Маврово на Halk Velo Green.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје