Останато
Велика Британија ќе ги намалува рестриктивните мерки со цел да ги заштити работните места

Британскиот премиер Борис Џонсон им порача на министрите во Владата да ги укинат рестриктивните мерки што е можно поскоро, со цел да спречат околу 3,5 милиони луѓе да не ги загубат работните места, пишува лондонски „The Sun“.
Весникот наведува дека веста доаѓа откако премиерот Борис Џонсон потпишал нови мерки за зајакнување на економијата, откако министерот за економија, Алок Шарма информираше дека повеќе од три милиони работни места во угостителскиот сектор се загрозени.
Според „The Sun“, Џонсон на тоа одговорил со: „Господe!“.
Како што се наведува, британскиот премиер им дал задача на група министри преку програма наречена „Save Summer Six“ да подготват мерки за враќање на животот во нормала до јули, така што животот би се вратил во нормала колку што дозволува ситуацијата.
„Не би рекол дека ќе има цунами од загуба на работни места, но тоа ќе биде прилично голем бран“, излавил официјален претставник на „Whitehall”, запознаен со ситуацијата.
Велика Британија е на второ место во светот по бројот на жртви на коронавирусот со 40.465 смртни случаи, а досега во таа земја се пријавени 284.868 заразени лица.
Водечките британски лекари и научници го повикаа премиерот Борис Џонсон да направи подготовка на Велика Британија за вториот бран коронавирусот оваа зима, предупредувајќи дека многу повеќе луѓе ќе умрат ако земјата не го подобри својот одговор за справување со вирусот Ковид-19.
Останато
Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)
Останато
Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.
Останато
Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје