Странски банки
Велика Британија прави нова кована монета за брегзитот


Британската влада нареди производство на нова кована монета од 50 пени по повод излегувањето на земјата од членството во ЕУ, кое е предвидено за 31 јануари.
Министерството за финансии на Велика Британија во октомври ја стопира изработката на монетите бидејќи брегзитот, кој беше предвиден за 31 октомври, беше одложен за крајот на јануари. Тогаш требаше да се стопат околу еден милион ковани монети.
Одлуката за повторно производство на монетите пред официјалниот брегзит е донесена по победата на Конзервативната партија на предвремените парламентарни избори. Новата кована монета, изработена од злато, сребро и комбинација на бакар и никел, ќе го носи датумот на брегзитот и пораката „Мир, просперитет и пријателство со сите нации“.
Странски банки
Лагард: Опоравувањето од пандемијата може да се одложи


Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард се надева дека 2021 година ќе продолжи да биде година на економско закрепнување од пандемијата, и покрај сериозните блокади и загриженоста за појавата на нови мутации на коронавирусот. (more…)
Странски банки
Стимулациите на ЕЦБ веројатно ќе имаат незначително влијание врз економијата


Најновиот пакет мерки на Европската централна банка (ЕЦБ) ќе има мал ефект врз економијата на еврозоната која е уништена од коронавирусот, според анкетата на „Reuters“, која ги намали за половина изгледите за раст во првиот квартал. (more…)
Странски банки
Банките во Србија и годинава нема да исплаќаат дивиденда, како ќе постапат домашните банки?


Банките кои работат во соседна Србија нема да можат да им исплатат дивиденда на своите акционери ниту оваа година, бидејќи важноста на Договорот склучен од НБС и комерцијалните банки минатата година е продолжена со цел да се зачува стабилноста на финансискиот систем во пандемијата, објасни централната банка. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!