Connect with us

Платежни картички

Велигденски шопинг со поврат на средства и до 7% со American Express во Веро и Џамбо маркетите

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје за корисниците на American Express картичките организира промотивна кампања по повод најголемиот христијански празник Велигден со поврат на средства и до 7% со направени трансакции со картичките.

Имено, почнувајќи од 20 април па сѐ до 03 мај 2021 година, започнува ексклузивна промотивна кампања со American Express картичките издадени од Силк Роуд Банка, во Веро и Џамбо маркетите, каде што со секоја трансакција со картичките во маркетите корисниците добиваат и до 7% бонус, односно поврат на средства.

Имено, со направени трансакции со American Express Point дебитната картичка корисниците добиваат 4% поврат на средства, додека пак со направени трансакции со American Express Green и American Express Gold кредитните картички повратот на средства изнесува 7% од вкупно направената сметка.

Оваа ексклузивна кампања е супер можност безбедно да пазарувате со American Express картичките во сите Веро и Џамбо маркети на територија на државата и при тоа добивате единствена можност за дополнителен поврат на средства при направените трансакции во промотивниот период.

Домашни банки

„Еден потег, многу придобивки“ – Visa бонус кампања на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје во соработка со Visa ја лансираше бонус кампањата „Еден потег, многу придобивки“, која има за цел понуда на премиум услуга и додадена вредност за сите нови клиенти што ќе се одлучат да ја примат својата плата преку Банката. Кампањата ќе трае заклучно до 30.11.2022 година или до искористување на средствата предвидени за кампањата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка: Известување за продолжен рок на подарок картички Ист Гејт Мол

Објавено

на

Комерцијална банка ќе го продолжи рокот на важност на подарок картичките за трговскиот центар Ист Гејт Мол кои истекуваат во периодот 30.08-10.09.2022 година со цел да излезе во пресрет на потребите на клиентите, кои поради временото затворање на трговскиот центар Ист Гејт Мол не беа во можност да ги искористат подарок картичките. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Mastercard world: За патувања и живот со привилегии

Објавено

на

Доколку сте љубител на патувања, често патувате или тоа допрва ќе го правите, не двоумите се која платежна картичка да ја изберете како ваше средство за плаќање во странство. (more…)

Продолжи со читање

Популарно