Connect with us

Домашни банки

Веб сајтот kb.mk на Комерцијална банка е избран за „Сајт на 2021 година“

Објавено

на

Веб сајтот kb.mk на Комерцијална банка, креиран и редизајниран за да биде од корист за клиентите и за да ги задоволи и најсофистицираните потреби на дигитално ориентираните корисници на банкарски услуги, е избран за „Сајт на годината“ за 2021 година во Република Северна Македонија.

Веб сајтот на Комерцијална банка го освои првото место и во категориите Финансиски услуги, банкарство и осигурување и Мобилен сајт, а во категоријата Корпоративен сајт за 2021 година е на второ место. Со својот нов и модерен дизајн, со многубројните корисни алатки и со богатата понуда на производи и услуги kb.mk го освои најголемиот број гласови на посетителите на порталот „Сајт на годината“ во рамките на натпреварот во организација на дигиталната маркетинг агенција Медиа Солутионс.

Задоволството од овие награди е огромно затоа што се доделени од најстручното и најстрогото жири – корисниците, а од Комерцијална банка се особено горди што корисниците за многу кратко време ги препознаа предностите и функционалноста на новата веб-страна на Комерцијална банка.

„Овие признанија ни потврдуваат дека успеавме да создадеме веб сајт кој поаѓа од потребите на клиентите и ги следи најновите трендови во дигиталниот свет. Сајтот е дел од една поширока стратегија за целосна дигитализација и префрлување на услугите на Банката онлајн, без потреба од посета на банка. Навистина настојувавме да дизајнираме пријатно искуство низ сајтот, со корисни содржини и лесно навигирање“, истакна Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, во своето обраќање за време на доделувањето на наградата „Сајт на годината“.

Домашни банки

Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green

Објавено

на

Правецот Бистра – Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред, на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка: Известување за Експозитура Лептокарија

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитура Лептокарија започнувајќи од 15.08.2022г. (понеделник) ќе биде привремено затворена поради реновирање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИ Банка ќе издаде нова емисија на Перпетуална обврзница на износ од 2,5 милиони евра

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ќе издаде нова емисија на капиталниот инструмент Перпетуални или “вечни” обврзници на износ од 2,5 милиони евра. Издадениот капитален инструмент ќе се користи за зголемување на капиталот на банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно