Компании
Ванчо Чифлиганец и Адора ќе добијат енормни 3,1 милиони евра дивиденда од Комерцијална банка!


Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година.
Одличниот финансиски резултат од претходната година придонесе Собранието на акционери на банката да донесе Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.413,1 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 62% од номиналната вредност на акцијата, односно по 620 денари бруто на една акција или 558 денари нето износ.
Одличното работење на Комерцијална банка е добредојдено за акционерите на Банката кои убаво ќе заработат од дивиденда во текот на денов. Банката има над 5.200 акционери запишани во книгата за иматели на акции во ЦДХВ. Вкупниот број на издадени акции е 2.279.067.
Но, се поставува прашањето кој ќе го добие најголемиот колач од дивидендата која денес ( 27.04.2022г.) започна со исплата?
Најголем акционер во Комерцијлна банка е Адора Инженеринг. Градежната компанија во сопственост на Ванчо Чифлиганец заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.
Пресметките покажуваат дека доколку за една акција Комерцијална банка АД Скопје исплаќа 558 денари нето износ, односно вкупно 20,7 милиони евра колку што ке бидат распределени на сите акционерите, Адора Инженеринг и Ванчо Чифлиганец по основ дивиденда од Комерцијална банка ќе заработат неверојатни 3,1 милиони евра.
Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк.
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности


Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)
Компании
Оглас за вработување во Сава осигурување а.д Скопје!


Станете дел од тимот на Сава осигурување а.д Скопје! (more…)
Компании
Маријана Жупаноска нов член на Надзорниот одбор на КИБС АД СКОПЈЕ


Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД СКОПЈЕ) преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје