Connect with us

Останато

Важноста на двојното образование во банкарскиот и финансискиот сектор

Објавено

на

Во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) и Институтот за бизнис и менаџмент, Heidelberg-Skopje, денеска се одржа свечен настан во просториите на Македонска Берза АД Скопје. Целта на настанот беше да се истакне важноста од двојното образование кое што го нуди академијата и институтот, а придонесува за поголем развој на банкарскиот и финансискиот сектор.

На настанот со поздравен говор се обрати Извршниот директор на АБИТ, а потоа на присутните се обратија и Ото Граф, заменик амбасадор и раководител на економскиот оддел на Германија, Елизабета Наумовска – Заменик министер за образование и наука и г-ѓа Лујза Томовска- самостоен советник во Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

Гости на настанот беа и г-дин Билал Суџубаши, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на ХАЛК Банка АД Скопје, проф. д-р Љубе Трпевски, г-дин Беркан Имери финанов директор на ХАЛК Банка АД Скопје, г-дин Бесим Билали од Развојна банка на Северна Македонија, Весна Срцева и Мухедин Авдиќ од Управата за јавни приходи, Марина Наумовска од Германска Амбасада во Република Северна Македонија и други.

Говорниците ја истакнаа важноста на едукацијата и дообразованието во банкарскиот и финансискиот сектор. Тие сметаат дека двојното образование кое што се нуди во АБИТ е одлична шанса во нашта земја да се внесе германската едукација и да се примени во македонска пракса од професионалци кои ќе ги завршат курсевите и семинарите во АБИТ. Говорниците истакнаа дека се потребни помлади и похрабри кадри во бакарскиот сектор во земјата.

АБИТ е единствената образовна организација во земјата која што е придружна членка во највисокото тело за специјалистичко и стручно банкарско образование во ЕУ, Европската тренинг асоцијација EBTN, која што е во состав на Европската банкарска федерација.

Останато

Оштетените штедачи од Еуростандард Банка бараат закон за нивно обештетување

Објавено

на

Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка соопшти дека одржале состаноци со сите пратенички групи во Собранието со цел барање на поддршка во изнаоѓање на итно, изводливо и ефикасно решение за оштетените штедачи од Еуростандард Банка – физички и правни лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Еурохаус АД Скопје се приклучи кон иницијативата за организација на првиот „Инвеститорски ден“

Објавено

на

По повод 25-тата годишнина од основањето на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, брокерската куќа Еурохаус АД Скопје се приклучи кон иницијативата за организација на првиот „Инвеститорски ден“, а која е поддржана и од останатите институции – чинители на пазарот на хартии од вредност. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Приходите и расходите во буџетот согласно проекциите, четвриот пакет мерки нема да го зголеми долгот

Објавено

на

Четвртиот пакет економски мерки се подготвува, а неговата реализација нема да придонесе да се зголеми јавниот долг над проектираните 60 проценти од БДП. Финансирањето е стабилно. Приходите и расходите во Буџетот се согласно проекциите со ребалансот на буџетот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно