Connect with us

Домашни банки

Важни аспекти на процесот на издавање на домашни платежни картички од Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е една од деветте банки преку кои ќе се издава „Домашната платежна картичка“, која е дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и ревитализација на домашната економија.

Преку купување на само домашни производи и услуги ќе се помогнат ранливите категории, граѓаните со ниски примања погодени од кризата, невработените лица, граѓаните кои се вработени но имаат близу минимална плата. Во проектот се опфатени и младите студенти, како и лекарите и здравствените работници кои се во првата линија во борбата против коронавирусот Covid-19.

За да проверите дали Вашата картичка ќе се издава преку Шпаркасе Банка АД Скопје, посетeте ја веб-страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.

Шпаркасе Банка овозможи на лесен и едноставен начин, со внесување на Вашиот Единствен матичен број да проверите преку која експозитура ќе биде издадена Вашата „Домашна платежна картичка“ на следниот линк https://bit.ly/3cQm3T5 , како и да се информирате преку Контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Важно: Банката дополнително ќе објави информација за датумот од кој картичката ќе биде достапна за преземање од страна на клиентите во една од експозитурите на Банката.

Подетални информации за „Домашната платежна картичка“ можете да прочитате на следниот линк: https://bit.ly/3cQm3T5

При посета на експозитура, од Шпаркасе Банка замолуваат клиентите да се придржуваат кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, носење заштитна опрема, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација: Циркулираат лажни информации за банки, внимавајте кои информации ги земате за веродостојни!

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснована вознемиреност кај граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Пензиите ќе се исплаќаат од 27-ми октомври

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и притоа го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година (понеделник) (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека е поставен нов банкомат на следната локација: во просториите на локалот Шкорпион 13, бул. “Маршал Тито” бр. 79, Куманово. (more…)

Продолжи со читање

Популарно