Connect with us

Домашни банки

Важен е ИВАН ЃАКОВСКИ…затоа што се грижи нашиот оброк да биде органски и здрав

Објавено

на

Иван Ѓаковски – некои го познаваат како сопственик на Vega Fresh Bar, некои како активен спортски лик, но оние што не го познаваат треба да знаат дека ова момче од позитивна идеја и лична пасија успеа да изгради сопствен бизнис, кој успешно го развива веќе 4 години.

Vega Fresh Bar е меѓу првите (ако не и првиот) бар за здрава, природна и органска храна, кој Иван го развива со својот брат. Она што е уникатно е дека сите оброци кои се нудат во Vega Fresh Bar се домашно приготвени, а рецептите лично развиени токму од Иван. Вели дека како млади и неискусни, на почетокот биле малку скептични дали луѓето се воопшто подготвени за ваков тип на исхрана и производи, меѓутоа како поминувало времето, тие добивале сѐ повеќе добри реакции и сѐ повеќе лојални клиенти.

Vega Fresh Bar е инспириран од моите животни навики и всушност оттука произлезе и идејата за неговото отворање. Замислата на почетокот беше да отворам мала продавничка преку која ќе можам да ја искажам мојата визија за тоа колку е всушност од витално значење човекот да се храни здраво и да се одржува во формата за која е создаден. Задоволството е огромно што од самиот почеток па сѐ до денес добиваме позитивна поддршка, а воедно и нови клиенти и фанови“, вели Иван.

И впрочем, како што му е на Иван важно својата лична мисија и визија да ги пренесе на своите потрошувачи, така и тој самиот е важен затоа што искрено се грижи да обезбеди органски и здрави оброци. Токму затоа и не случајно Иван е едно од лицата на кампањата на Халкбанк „Важни се луѓето“, раскажувајќи ја својата лична приказна и мотив да го развие својот бизнис.

Најголема мотивација отсекогаш ми бил позитивниот фидбек од нашите потрошувачи. Преголемо е задоволството кога пасијата истовремено ти е и работа, а и луѓето околу тебе се среќни поради тоа. Мило ни е дека секојдневно ја будиме свеста кај народот за подобар начин на живот и исхрана“, додава Иван.

Поаѓајќи од своето лично мото, кое вели ‘Не живеј во минатото, не сонувај за иднината, туку концентрирај го умот на сегашниот момент’, Иван Ѓаковски вели сета пасија кон здравите навики успева да ја насочи и кон своите клиенти, бидејќи тоа нему му е и лично важно.

Како активен спортист сфатив дека храната и здравите животни навики имаат голем удел во целокупното здравје, дотолку повеќе како што влијаат и на чистото размислување, на мотивацијата и (верувале или не) на полесно справување со проблемите. Едноставно, да се побуди идејата и да се јаде тоа што навистина му е потребно на телото, а не тоа што им треба на жедните очи, е мисија која сметам дека треба да ја живеат сите“, објаснува Иван.

Преку својата корпоративна кампања „Важни се луѓето“, Халкбанк всушност оддава признание дека секој еден е еднакво важен, истовремено детерминирајќи ја својата позиција во насока со значењето на името на банката ‒ „Банка на луѓето“. Врз основа на оваа позиција, компанијата гради и негува уникатна, нераскинлива врска со сите корисници, исто онака како што Иван Ѓаковски, и сите останати лица на кампањата, градат и негуваат нераскинлива врска со своите клиенти.

Домашни банки

НЛБ Потрошувачки кредити – Баш како што сакаш!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови потрошувачки кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје врши промена за водење сметки на пензионери

Објавено

на

Стопанска банка АД-Скопје ги известува своите клиенти дека, почнувајќи од 01.04.2019 ќе изврши промена на надоместокот за месечно водење на трансакциски и штедни сметки на пензионери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Станбени кредити – Твој дом, твој избор!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови станбени кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange