Connect with us

Странски банки

Буџетот на Русија поради пандемијата бележи загуба од 14,2 милијарди долари

Објавено

на

Заменик-министерот за финансии на Русија, Владимир Количев, изјави дека рускиот федерален буџет забележа загуба од повеќе од 1.000 милијарди рубли (околу 14,2 милијарди долари) како резултат на пандемија на коронавирусот.

Обраќајќи се на новинарите во Москва, Количев изјави дека руската економија поминува низ многу тежок период поради корона кризата, пренесува „Анадолија”.

Тој додаде дека очекува буџетскиот дефицит на крајот на годината да биде речиси пет проценти од бруто домашниот производ (БДП).

„Како резултат на преземените мерки заради КОВИД-19, загубата на приходите од извоз на нафта и природен гас во рускиот федерален буџет надмина 1.000 милијарди рубли (околу 14,2 милијарди американски долари)“, изјави Количев.

Тој посочи дека државата планира да го покрие буџетскиот дефицит главно преку задолжување.

„Оваа година, би можеле да го зголемиме износот на задолжување на 5.000 милијарди рубли. Потрошувачката ќе се зголеми од 19.000 на 23 000 милијарди рубли како резултат на пандемијата“, додаде Количев.

Тој нагласи дека тие не сакаат да ги користат државните резерви на Фондот за социјална заштита за потрошувачки цели.

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Италија ги избра „Bank of America” и „Orrick” за советници во приватизацијата на Monte dei Paschi (MPS)

Објавено

на

Италијанското Министерство за финансии ги избра „Bank of America” и „Orrick” за финансиски и правни советници за да обезбедат договор за спојување на спасената италијанска банка „Monte dei Paschi” (MPS) како дел од планот за приватизација, изјавија за „Reuters” четири извори блиски до ова прашање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

НЛБ Групацијата оствари нето добивка од 104,6 милиони евра

Објавено

на

Нето добивката на НЛБ групацијата заклучно со третиот квартал на 2020 година достигна 104,6 милиони евра, што е за 36% помалку во споредба со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно