Connect with us

Странски банки

Бундес банка го предупреди лондонскиот Сити за ризикот од Брегзит

Објавено

на

Висок функционер на германската централна Бундес банка, ја предупреди Велика Британија дека по Брегзитот, лондонскиот финансиски центар Сити најверојатно ќе ја загуби својата сегашна улога на „порта кон ЕУ“ за виталните финансиски работи.

Андреас Домбрет, член на Управниот одбор на Бундес банката, изјави дека дури и кога правилата за банкарско работење меѓу Велика Британија и ЕУ би останале идентични, Сити ќе биде „многу далеку“ од пристапот кон заедничкиот пазар на ЕУ.

 

Излагањето на банкарскиот експерт дава јасен и редок увид во пристапот на Германија во период кога Британија го започнува процесот на напуштање на ЕУ.

 

Сегашниот модел во кој Лондон се користи како „порта кон Европанајверојатно ќе заврши“, рече Домбрет на состанокот зад затворени врати.

 

Во германските банкарски кругови се стравува од можноста Велика Британија по Брегзит да се претвори во „Сингапур во Европа“, намалувајќи ги даноците и олеснувајќи ја финансиската регулатива за да се поттикнат банките и бизнисот да инвестираат во Велика Британија.

 

– Брегзит води кон ренационализација во целиот овој сектор, а неговиот ефект од ова ќе ги погоди сите во ЕУ, предупредил Домбрет.

 

Лондонски Сити, сега, претставува финансиски главен град на ЕУ. Повеќе од една третина од целото банкарство, меѓу големите бизниси, владите и пензиските фондови е сместено во Велика Британија.

 

Речиси 80% од сите девизни трансакции на ЕУ се извршуваат во Сити, низ кој дневно минуваат стотици и илјаднци милијарди фунти промет.

Странски банки

„Fitch” го намали кредитниот рејтинг на „Credit Suisse”

Објавено

на

„Credit Suisse” доби намалување на кредитниот рејтинг од реномираната компанија за кредитен рејтинг „Fitch”. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза

Објавено

на

Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политикитепо повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Објавено

на

Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)

Продолжи со читање


Популарно