Connect with us

Странски банки

Бундестагот усвои предлог за намалување на ДДВ од 19 на 16 проценти

Објавено

на

Членовите на долниот дом на германскиот парламент на последната седница поддржаа пакет стимулативни мерки, што вклучува и намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ).

ДДВ-то ќе се намали од сегашните 19 на 16 проценти од 1 јули, пренесува „Reuters“.

Целта на донесените мерки е да се стимулира растот на најголемата европска економија по негативните ефекти кои ги предизвика пандемијата на коронавирусот.

Горниот дом на парламентот, Бундесратот, се очекува да го поддржи намалувањето на ДДВ-то, што ќе ја чини германската Влада 20 милијарди евра, како и други мерки, вклучително и исплата на бонуси на семејства од 300 евра по дете.

„Имаме шанса да ја вратиме економијата на прав пат, во фаза на раст во втората половина од годината“, изјави министерот за економија Питер Алтмејер пред новинарите.

Странски банки

Звучи неверојатно, но функционира – Има само еден банкомат во целиот град и го користат 8.000 луѓе

Објавено

на

Градот Амптил во Британија има вековна историја, активен пазар, а повеќето продавници во овој град работат самостојно. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централната банка на Шведска ја зголеми поддршката за економијата

Објавено

на

Централната банка на Шведска значително ја зголеми вредноста на програмата за откуп на средства за поттикнување на инфлацијата и поддршка на економијата во време на корона кризата. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

На американските банки не им е дозволено да зголемуваат дивиденди

Објавено

на

Акциите на американските банки беа под притисок во текот на изминатата недела. (more…)

Продолжи со читање

Популарно