Connect with us

Странски банки

Бундесбанк предупредува дека е огромна веројатноста Германија да западне во рецесија!

Објавено

на

Рецесија во Германија, најголемата економија во еврозоната, е сè поверојатна, а инфлацијата ќе продолжи да се забрзува и би можела да го достигне својот врв оваа есен – над 10 отсто, објави германската централна банка Бундесбанк.

Со индустрија, која во голема мера е зависна од рускиот гас, Германија е меѓу најранливите европски земји на какво било нарушување на снабдувањето со енергија, а зголемените трошоци за гас веќе влијаат на производството и се очекува да се влошат.

„Падот на економското производство во зимските месеци стана многу поверојатен. Високиот степен на неизвесност околу испораките на гас оваа зима и наглото зголемување на цените веројатно ќе им наштетат на домаќинствата и бизнисите”, се вели во извештајот на Бундесбанк.

„Вкупно, стапката на инфлација би можела наесен да достигне 10 отсто. Ризикот од зголемување на инфлацијата е висок, особено во случај на целосен прекин на испораките на гас од Русија”, објави Бундесбанката. Ова го зголемува ризикот од брзо зголемување на платите, особено со оглед на рекордно ниската невработеност, која може да го продолжи периодот на висока инфлација преку спирала на раст на платите и цените”, предупреди германската централна банка Бундесбанк.

ЕЦБ ги зголеми каматните стапки од рекордно ниските нивоа минатиот месец за да се бори против инфлаторните притисоци, но понатамошни зголемувања се речиси сигурни бидејќи не се подобрува ситуацијата во однос на изгледите за раст на цените.

Странски банки

ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Објавено

на

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Објавено

на

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)

Продолжи со читање

Популарно