Странски банки
Бундесбанк предвидува значителен пад на германскиот БДП во вториот квартал


Германската економија ќе забележи значителен пад во вториот квартал, и покрај олеснувањето на мерките воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, предупреди германската централна банка „Bundesbank”.
„И покрај олеснувањето на воведените рестриктивни мерки, социјалниот и економскиот живот во Германија сè уште се далеку од она што претходно се сметаше за нормален“, се вели во редовниот месечен извештај на германската централна банка.
Иако многу показатели укажуваат дека макроекономските трендови ќе се подобрат во вториот квартал заради олеснувањето на рестриктивните мерки, неизвесноста за идните движења во економијата е многу голема, велат од „Bundesbank”.
Изгледите за подобрување на пазарот на трудот во наредните месеци се исто така многу слаби, посочува централната германска банка.
Најголемата економија на еврозоната влезе во техничка рецесија во првиот квартал, при што БДП падна за 2,2 проценти на квартална основа, најголема по светската финансиска криза во 2008 година.
Странски банки
„Fitch” го намали кредитниот рејтинг на „Credit Suisse”


„Credit Suisse” доби намалување на кредитниот рејтинг од реномираната компанија за кредитен рејтинг „Fitch”. (more…)
Странски банки
ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза


Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политиките, по повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)
Странски банки
Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија


Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје