Странски банки
Бундесбанк: Новиот бран на Ковид-19 ќе го закочи или собори БДП


Германската економија најверојатно ќе стагнира или ќе падне поради новите мерки преземени во земјата и во странство за борба против вториот бран на пандемијата на коронавирусот, кои влијаат на угостителството, како и на извозот, соопшти денеска Бундесбанк.
Оставајќи ги училиштата отворени и воведувајќи ограничувања кои главно влијаат на активностите на кетерингот и угостителството, Германија зазеде помек пристап од некои свои соседи, но сепак ќе страда од забавувањето на побарувачката во странство.
„Вкупните економски перформанси може да стагнираат или дури и да паднат по многу силниот раст ова лето”, соопшти Бундесбанк во својот месечен извештај.
Германската централна банка додава дека економскиот пад веројатно нема да биде ист како минатата пролет и оти напредокот во развојот на вакцината против Ковид-19 ги зголеми надежите дека наскоро ќе се воспостави рамнотежа помеѓу спречување на вирусот и оставање отворена економија.
Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на германските сојузни држави денеска ќе се состанат во врска со продолжувањето на рестриктивните мерки чие времетраење првично беше планирано до крајот на ноември.
Странски банки
ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза


Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политиките, по повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)
Странски банки
Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија


Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)
Странски банки
Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот раст од 4,1 на 3,2 проценти


Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот раст во 2022 година за речиси цел процент, од 4,1 на 3,2 отсто, поради влијанието на руската инвазија на Украина, изјави претседателот на таа меѓународна финансиска институција Дејвид Малпас. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје