Connect with us

Странски банки

Бундесбанк: Германците во текот на пандемијата повеќе користеле готовина

Објавено

на

Побарувачката за готовина е зголемена во Германија во пандемиската 2020 година и покрај широкиот спектар на опции за плаќање, покажа истражувањето на централната банка.

Вкупната вредност на издадените банкноти во 2020 година пораснала за 9,5 проценти, објави во неделата Бундесбанк.

Тие исто така забележуваат дека побарувачката нагло скокнала на почетокот на пандемијата, во март.

„Претпоставувам дека луѓето во пандемијата собирале готовина затоа што ги мачеше неизвесноста, но и затоа што немаа прилики да ги потрошат парите“, рече претседателот на управата на Бундесбанк, Јоханес Берман.

Пандемијата предизвика голема неизвесност, нагласи Берман.

„Сè уште не е можно да се процени кога и како овој тренд ќе се нормализира во услови на пад на бројот на случаите и олеснување на ограничувањата“, додаде официјалниот претставник на Бундесбанк.

„Забележуваме дека готовинските депозити повторно растат во филијалите на банките и дека луѓето сè повеќе подигаат пари“, забележува тој.

Бундесбанк проценува дека 40 проценти од побарувачката е генерирана од желбата на граѓаните да ја чуваат готовината дома, а можна причина за растот, велат тие, е обидот на граѓаните да избегнат негативни каматни стапки на заштедите.

Комерцијалните банки во еврозоната плаќаат негативни каматни стапки од 0,5 проценти на депозити во Европската централна банка (ЕЦБ) и многу од нив сè повеќе го префрлаат тој трошок не само на компаниите, туку и на граѓаните, забележува ДПА.

Студија на институтот ЕХИ покажа дека Германците ги смениле режимите на плаќање во 2020 година.

„Кризата го забрза падот на продажбата со готовинско плаќања во стационарната малопродажба за најмалку три години. Добитници во кризата се несомнено картичките и онлајн бизнисите, што значително порасна“, изјави автор на студијата на институтот Хорст Рутер.

Од друга страна, Бундесбанк посочува дека Германците сè уште претпочитаат да плаќаат во готово, чиј удел во трансакциите изнесува 60 проценти, и така треба да остане и по пандемијата и во блиска иднина, проценуваат тие.

Странски банки

Европската централна банка ги зголемува референтните каматни стапки за 25 базични поени

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за 25 базични поени поради високите инфлациски притисоци. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ подготвува ново зголемување на каматните стапки

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ја зголеми референтната каматна стапка како дел од борбата против инфлацијата, на следниот состанок на Советот на гувернери. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан

Објавено

на

Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно