Останато
Бундесбанк: Германското стопанство зимава ќе влезе во рецесија

Германското стопанство ќе западне во рецесија во зимската половина од годината, по неочекуваното зголемување на активноста во летниот квартал, предупреди Централната банка.
Националната економија забележа раст од 0,3 проценти во периодот јули-септември во однос на претходните три месеци, благодарение на добрите перформанси на услужниот сектор по укинувањето на повеќето рестрикции за пандемија, забележа Бундесбанк.
Проценките се дека во зимската половина од годината активноста најверојатно ќе се намали, последица на зголемените трошоците за енергија и неизвесноста во снабдувањето што претставуваат големо оптоварување за компаниите.
Слабеењето на светската економија ќе се одрази и врз германскиот извоз, иако пополнетите нарачки и ублажените проблеми во синџирите на снабдување донекаде ја амортизираат намалената побарувачка.
Високата инфлација ја инхибира личната потрошувачка, а со тоа и активноста во услужните компании во директен контакт со граѓаните, предупредуваат банкарите.
„Инфлацијата би можела да остане двоцифрена и по преминот во новата година”, проценува Бундесбанк во објавениот месечен извештај.
„Државната поддршка за граѓаните со високи сметки за гас ќе го олесни товарот во декември, но се уште не е јасно колку тоа ќе се одрази врз официјалната пресметка на цените, а со тоа и на стапката на инфлација”, нагласуваат од Централната банка.
Во октомври инфлацијата се искачи на 10,4 проценти, што е првпат таа да биде двоцифрена од 50-тите години на минатиот век. Дополнителен стимул за инфлацијата може да биде спиралата што се случува откако растот на цените резултира со повисоки плати, а повисоките плати резултираат со посилен раст на цените.
Синдикатите и фирмите во последно време се договараат за зголемување на платите, забележуваат оттаму. Така синдикатот на работниците во јавниот сектор и вработените во сојузната администрација и локалната самоуправа бара зголемување на платите за 10,5 проценти во следните 12 месеци.
Иако барањата за толку големо зголемување на платите веројатно нема да бидат прифатени, ризикот од покренување на инфлаторната спирала е зголемен, заклучуваат од Бундесбанк.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје