Странски банки
Бундесбанк: Германската економија е во длабока рецесија, закрепнувањето нема да биде брзо


Германската економија е во длабока рецесија и закрепнувањето веројатно нема да биде брзо и за краток период, бидејќи многу ограничувања кои се воведени поради коронавирусот би можеле да останат на сила подолг период, објави германската централна банка, пренесува хрватскиот портал „Novac.hr“.
Иако во моментов се водат преговори за олеснување на некои рестрикции во следните недели, најголемата европска економија речиси застана поради карантинот кој е на сила од средината на март.
„Голем дел од ограничувањата најверојатно ќе останат на сила сè додека не се изнајде медицинско решение, како што е вакцината“, објави Бундесбанк во редовниот месечен извештај за состојбата со економијата.
„Затоа, брзото и силно економско закрепнување во моментов не изгледа веројатно“, проценува германската централна банка.
Меѓународниот монетарен фонд за оваа година предвидува пад на германската економија за 7,5%. Проценките се движат во широки рамки, а поголем дел од предвидувањата се во насока на длабока рецесија, потешка од онаа во 2009 година, кога економијата во земјата падна за пет проценти.
Податоците за првото тримесечје покажуваат сериозен пад, но вториот квартал се очекува да биде уште полош, предвидува Бундесбанк, истакнувајќи го притоа значителниот пад на автомобилската индустрија како и остриот пад на личната потрошувачка.
„Сепак, не треба да се стравува дека германската економија ќе западне во надолна спирала”, велат од Бундесбанк, напоменувајќи дека попустливата фискална и монетарна политика ќе го поттикне опоравувањето на економијата.
Што се однесува до инфлацијата, клучниот показател за Европската централна банка, во Бундесбанк очекуваат дека таа веројатно ќе забележи остар пад идните месеци, бидејќи ниските цени на нафтата ќе ги почуствуваат и потрошувачите.
Странски банки
Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?


Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)
Странски банки
Русија почнува со етапно пуштање на својата дигитална рубља


Централната банка на Русија откри дека започнала со тестирање на својот проект за дигитална рубља и дека ќе биде претставен со нови функции од 2023 година. (more…)
Странски банки
Добивката на најголемата европска банка се намали за 15 проценти во првото полугодие на 2022 година


Најголемата европска банка „HSBC Holdings” објави пад на профитот од 15 проценти во првото полугодие, бидејќи резервите за покривање на потенцијалните загуби од кредитите значително го надминаа растот на нето каматниот приход. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје