Connect with us

Останато

Бугарија го воведува еврото од 2024 година!?

Објавено

на

Во Бугарија е усвоен нацрт-национален план за воведување на еврото од 1 јануари 2024 година, соопштија денеска Бугарската национална банка и Министерството за финансии на Бугарија.

Воведувањето на еврото е планирано без преоден рок, а датумот на усвојување на еврото ќе се совпадне со неговото воведување како официјална платежна единица.

Конверзијата ќе се изврши со примена на фиксниот курс помеѓу еврото и левот. И по воведувањето на еврото во рок од еден месец, левот и еврото ќе бидат законско средство за плаќање, јави „БТА”.

Националниот план за воведување на еврото во Бугарија е стратешкиот документ врз основа на кој ќе се спроведува оперативната работа за замена на левот со еврото. Планот го изработи Координативниот совет за подготовка на Република Бугарија за членство во еврозоната и при неговата подготовка беа следени практики на земјите-членки на еврозоната.

Нацртот на Националниот план за воведување на еврото во Република Бугарија ќе биде на јавна дискусија пред да биде доставен на разгледување од страна на Советот на министри.

Останато

СЕФФ: Вложување во човечки капитал и дигитализација за поголем економски потенцијал

Објавено

на

Преку подобрувањето на структурата на економијата, односно зголемената конкурентност, иновативноста, адекватноста на пазарот на труд, ќе се придонесе кон подобрувањето на економскиот потенцијал и отпорноста на економијата. Оттаму спроведувањето на структурните реформи, не треба да запре за сметка на справувањето со кризата, туку да се одвива напоредно, со цел на среден рок да се креира економија која ќе даде подобри перформанси. (more…)

Продолжи со читање

Останато

СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст

Објавено

на

Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања

Објавено

на

Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање


Популарно