Connect with us

Останато

Бугарија ги зголемува пензиите за 12,5 проценти

Објавено

на

Пензиите во Бугарија од 1 октомври ќе се зголемат во просек за 12,5 проценти, изјави денеска на брифинг во Советот на министри, вицепремиерот и министер за социјални работи, Галаб Донев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, додадок ќе добијат 431.000 пензионери над 65 години, кои примаат пензија што е под прагот на сиромаштија од 369 лева (184,5 евра).

Според Донев, во Бугарија нема да има пензионер кој ќе добива пензија под прагот на сиромаштијата.

Привремениот министер за финансии, Асен Василев, соопшти дека се очекуваат во буџетот за 2021 година дополнителни приходи поголеми од планираното за нешто повеќе од две милијарди лева (милијарда евра). Воедно, се планираат дополнителни трошоци од нешто повеќе од 1,8 милијарди лева (900 милиони евра). Од нив, 575 милиони лева (287,5 милиони евра) се за социјални трошоци, 430 милиони лева (215 милиони евра) за поддршка на бизнисот, 335 милиони лева (169 милиони евра) за здравствена заштита. Ова стана јасно по повод претстојната презентација на предлог ребалансот на буџетот на Бугарија.

Министерот Василев, исто така, најави дека за претседателските избори во Бугарија на крајот на октомври, во ребалансот на нацрт-буџетот се предвидува најскапото сценарио за избори во два круга и можни парламентарни и претседателски избори. Тој, исто така, соопшти и дека има зголемување на придонесот на Бугарија кон Европската унија поради заминувањето на Велика Британија од ЕУ.

Пензиите ќе се зголемат од 1 октомври, бидејќи технички нема начин како да се изврши повторната пресметка од 1 септември, до кога се обрзани треба да плаќаат 50 лева (25 евра), кои беа воведени од владата на Бојко Борисов. Минималната пензија во Бугарија од 300 лева (150 евра) се ќе стане 340 лева (170 евра), максималната од 1.440 лева (720 евра) станува 1.500 лева (750 евра), социјалната пензија од 158 евра (79 евра) станува 170 лева (85 евра). Покрај тоа, на пензионерите под линијата на сиромаштија им се обезсбедува и социјален додаток. Тој се пресметува врз основа на границата на сиромаштија, што во моментов изнесува 369 лева (180 евра).

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно