Странски банки
Бугарија во 2024 година го воведува еврото како единствена валута!?


Поранешниот бугарски вицепремиер, Николај Василев, за бугарската „Нова ТВ“ изјави дека реална цел е земјата во текот на 2024 година да го воведе еврото.
Пред речиси еден месец, министерот за финансии, Кирил Ананиев, даде слична прогноза, а порано овој рок го даде и Бугарската народна банка (БНБ). Министерот Ананиев најави дека подготвува Национален план за воведување на еврото, што детално ќе ги опише активностите што треба да ги преземат бугарските власти и деловните активности за успешно воведување на единствената европска валута во земјата.
Според Министерството за финансии, иако пандемијата претставува многу голем шок за светската и европската економија, вклучително и за бугарската, тоа нема да биде фактор за продолжување на бугарскиот престој во чекалната на еврозоната – ЕРМ II.
„Нема критериуми што не можеме да ги исполниме. Не е добро да се инвестира само во депозити и недвижнини, само во сопствената земја и валута, најдоброто решение е диверзификацијата”, рече Николај Василев.
“Кога има рецесија, сите губат. Владите потрошија невидени пари за да ги покријат загубите. Сите луѓе што добиваат помош во нашата земја се од јавниот сектор”, додаде тој.
Според Василев, најмногу нaстрада бизнисот во некои сектори, каде многу луѓе останаа без работа. А авиокомпаниите, аеродромите, хотелите, одморалиштата, некои ресторани, како и некои малопродажни бизнис претрпеа тешки проблеми и може да не заздрават. Корона кризата го забрза неизбежниот процес.
„Сите мерки за бизнисот изнесуваат околу две милијарди лева. Јас го поддржав нетрошењето на владата. Непотребно се потрошија околу 4-5 милијарди лева. Трошоците годинава требаше да бидат помали за најмалку пет милијарди лева”, коментира бугарскиот економист и поранешен бугарски вицепремиер.
Странски банки
ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната


Европска централна банка (ЕЦБ) соопшти дека малку е веројатно да има стагфлација во еврозоната. (more…)
Странски банки
Дојче банк укинува готовина на шалтерите!?


Во повеќето филијали на германскиот банкарски гигант „Deutsche bank”, готовината веќе нема да биде достапна на шалтерите. (more…)
Странски банки
Светска банка предупредува дека економската криза може да се влоши


Светската банка во својот извештај „Глобални економски перспективи” отворено предупредува дека остриот економски пад ќе биде норма за многу земји, бидејќи проекциите за глобалниот економски раст се намалени. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје