Странски банки
Бруто-домашниот производ на Русија ќе се намали за високи 7%!?

Економскиот пад на Русија ќе се продлабочи во третиот квартал на 2022 година, додека високиот суфицит на тековната сметка на земјата, клучен двигател на неодамнешното зајакнување на рубљата, ќе се намали во втората половина од годината, проценува Централната банка на Русија.
Бруто домашниот производ (БДП) ќе се намали за високи 7,0 проценти во третиот квартал, по падот од 4,3% во вториот квартал, објави во понеделникот Банката на Русија, предвидувајќи дека економијата ќе почне да закрепнува во втората половина на 2023 година, пренесува „Reuters”.
„Според ажурираната прогноза на Банката на Русија, падот во 2022 година ќе биде помал од очекуваниот во април. Во исто време, влијанието на шоковите во понудата може да трае подолг временски период“, се вели во извештајот на централната банка за монетарната политика, која ја намали референтната каматна стапка во јуни на 8,0 отсто.
Според новите проценки, рускиот БДП ќе падне од 4% на 6% во 2022 година, а меѓу 1% и 4% следната година, по што во 2024 година би требало да се врати на патеките на раст во опсег од 1,5 до 2,5 проценти, соопшти централната банка.
Банката на Русија, исто така, соопшти дека очекува Министерството за финансии во своето основно сценарио за 2023 година да го врати буџетското правило за ограничување на буџетските трошоци и пренасочување на вишокот приходи од нафта во државниот фонд за „дождливи денови“.
Набавките на девизи за надополнување на државните резерви, кои според буџетското правило се вршат во време кога цените на нафтата се високи, беа прекинати откако рубљата драстично падна во јануари оваа година, неколку недели пред Русија да започне инвазија на Украина на 24 февруари.
Новото буџетско правило, кое допрва треба да биде објавено од страна на Министерството за финансии и одобрено од претседателот Владимир Путин, се очекува да изврши надолен притисок врз рубљата, која оваа година имаше најдобар резултат на светските девизни пазари благодарение на мерките за контрола на капиталот.
Странски банки
Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваното

„Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза”, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. (more…)
Странски банки
Светска банка ја ревидираше прогнозата за раст на македонската економија

Светска банка ги ревидираше своите очекувања во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Македонија. Новата прогноза на Светската банка е раст на економијата за 2,4 проценти во 2023 година. (more…)
Странски банки
Европската централна банка: Реалните плати во еврозоната драстично паѓаат

Реалните плати во еврозоната се значително пониски отколку во периодот пред пандемијата и, веројатно, ќе се намалат уште повеќе во наредните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер