Останато
Бруто домашниот производ на ЕУ се намали за рекордни 11,9 проценти во вториот квартал

Во Европската унија и Еврозоната во вториот квартал на 2020 година, економските активности се намалија рекордно на квартална и на годишна основа уште од 1995 година, односно од почетокот на објавувањето на податоците за БДП, покажаа првите проценки на Евростат во петокот.
Сезонски прилагодениот бруто-домашен производ (БДП) во ЕУ во вториот квартал, сè уште обележан со мерки за борба против пандемијата Ковид-19 во повеќето земји-членки, падна за 11,9 проценти во однос на претходниот квартал, што е најголем пад од објавувањето на овие податоци во 1995 година, покажаа прелиминарните проценки на Евростат.
Во Еврозоната, сезонскиот прилагоден БДП, истовремено се намали за 12,1 проценти.
За споредба, во првиот квартал од оваа година, кварталниот пад беше 3,2 проценти на ниво на ЕУ и 3,6 проценти во Еврозоната.
Меѓу земјите членки за кои беа достапни податоците за вториот квартал на 2020 година, најголем пад има во Шпанија, 18,5 проценти. Следува Португалија, со пад на БДП за 14,1 проценти и Франција, со пад од 13,8 проценти.
Германската економија падна за 10,1 проценти во вториот квартал, додека пак економијата на Италија забележа пад на БДП од 12,4 проценти во однос на првите три месеци.
Најмал пад на БДП има Литванија од земјите чиишто податоци беа на располагање. Економската активност на Литванија за намали за 5,1 проценти.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер