Connect with us

Странски банки

Бруто-добивката на хрватските банки се намали за 22,7 проценти во првиот квартал

Објавено

на

Во првиот квартал од оваа година, банките во Хрватска пријавија оперативен бруто-профит од 1,25 милијарди хрватски куни односно 164,7 милиони евра, што е за 368,6 милиони хрватски куни или 50,9 милиони евра помалку во однос на истиот период во 2019 година, според објавените податоци на Хрватската народна банка.

Споредбата на привремени неревидирани податоци за кредитните институции во првиот квартал од оваа година со оние за истиот период од претходната година, имено, покажува дека бруто-добивката на банките во првите три месеци од оваа година е за 22,7 проценти пониска отколку во првиот квартал од 2019 година.

Податоците на централната банка за првиот квартал се однесуваат на 20 банки кои работат и функционираат на хрватскиот банкарски пазар, што е за една помалку отколку во истиот период минатата година.

Овие податоци, исто така, покажуваат дека во првиот квартал од оваа година, вкупната актива на банките во Хрватска се зголемила за 2,82 проценти, на 437,82 милијарди куни.

Според привремените неревидирани финансиски извештаи заклучно со 31-ви март 2020 година, вкупно 16 банки работеле со бруто-добивка, а само четири банки со загуба.

Според Хрватската народна банка, три штедилници создале вкупна добивка од 15,2 милиони хрватски куни во првиот квартал.

Странски банки

Хрватските банки остварија добивка од 1,1 милијарда куни во првиот квартал на 2021 година

Објавено

на

Банките во Хрватска остварија профит од 1,1 милијарда куни во првиот квартал од оваа година, што е приближно иста сума како и во првите три месеци од минатата година, објави во понеделникот Хрватската народна банка (ХНБ). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

НЛБ банка отворa ИТ центар во Белград: Ќе вработува 40 лица!

Објавено

на

Љубљанска НЛБ банка планира да отвори ИТ центар во Белград по аквизицијата на Комерцијална банка АД Белград. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Европјаните согласни: “Нека се укинат непотребните кованици”

Објавено

на

Европската комисија ги пофали резултатите од најновото истражување на „Eurobarometar”, според кое јавната поддршка за еврото достигна највисоко ниво досега. (more…)

Продолжи со читање


Популарно