Connect with us

Осигурување

Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 83%

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) го зголеми за 83 отсто бројот на претставки решени во корист на незадоволни осигуреници за првите девет месеци годинава во споредба со истиот период лани. До крајот на септември позитивно се решени 22 претставки на осигуреници кои се пожалиле од осигурителните друштва, а во истиот период лани во корист на осигуреници биле решени 12 претставки.

АСО, заклучно со крајот на септември годинава, доби 127 претставки од незадоволни осигуреници. Во споредба со истиот период лани, кога биле поднесени 62 претставки, годинава нивниот број е удвоен.

Во процес на решавање се 14 претставки, а негативно се решени 76 претставки. За 12 од поднесените претставки е утврдено дека се поднесени без основ, а три се повлечени од страна на подносителите.

Од аспект на видот на осигурување најмногу претставки односно 55 се поднесени за штети настанати кај осигурување од автомобилска одговорност (најзастапената класа на осигурување задолжителна со закон). Од нив 15 се решени во корист на незадоволни осигуреници. За оштетни побарувања покриени со осигурување од незгода биле поднесени 24 претставки, а позитивно се решени две. Од 10 претставки за осигурување имот позитивно е одлучено во два случаи. Пет претставки се поднесени за здравствено осигурување, а по една за осигурување посеви и плодови, патничко осигурување, каско осигурување и за осигурување финансиски загуби. Четири претставки се поднесени за останатите видови неживотни осигурувања. За осигурување живот се поднесени 13 претставки од кои две се решени позитивно.

Како причина за незадоволството на осигурениците во 50 случаи бил основот за исплата на штета. Во 34 случаи причина за поднесувањето на претставка била висината за надоместокот (АСО не одлучува за висината, но ги разгледува околностите и аргументите врз основа на кои е одреден надоместокот). На рокот за исплата на штета се жалеле седумина подносители на претставки, а ист број се жалеле за обработка на штета. Тројца се жалеле на регресното побарување, двајца на одговорот што го добиле од компанијата на нивниот приговор. Уште 12 претставки се поднесени по останати основи за поднесување.

Од вкупниот број на поднесени претставки 106 се поднесени од граѓани, а 22 поднеле правни лица.

Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.

Осигурување

Земјоделци и фармери за три месеци во осигурување вложија 2 милиони евра

Објавено

на

Вкупно 600 индивидуални земјоделци и фармери и уште педесетина аграрни компании за првите три месеци годинава ги осигурале своите посеви, плодови и животни. Наскоро земјоделското осигурување ќе стане задолжително со закон и заради тоа неговото учество во осигурителниот пазар значајно ќе се зголеми. Целта на оваа реформа е преку зголемување на масовноста значајно да се намали цената на осигурувањето, а истовремено со акумулација на средствата на осигурениците-земјоделци да се создадат големи фондови од кои ќе се исплаќаат штети кои може да ги предизвикаат временските непогоди и особено актуелните климатски промени. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување Живот со уникатна можност за своите осигуреници, членство на Сторнест услугата со секоја полиса!

Објавено

на

Триглав Осигурување Живот го склучи првиот договор за соработка со финансиска институција во земјава со компанијата Сторнест со цел подобрување на квалитетот на услугите и овозможување на придобивка пoвеќе за своите клиенти. Со овој склучен Договор, сите досегашни и идни осигуреници на Триглав Осигурување Живот ќе добијат унифициран пристап до своја сметка – чувар на податоци на сите хартии од вредности кои ги поседуваат, без надоместок. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Осигуреници вложија над 40 милиони евра, осигурителниот пазар порасна 10%

Објавено

на

Осигурувањето имот останува најголема доброволна осигурителна класа од сите неживотни осигурувања. Приватното здравствено осигурување за прв пат досега е втора по обем класа доброволно осигурување. Најголем раст на вложувањата, од дури 180%  има кај осигурувањето кредити. Продажбата на патничкото осигурување, по укинување на анти – ковид рестрикциите порасна 80%. (more…)

Продолжи со читање


Популарно