Connect with us

Осигурување

Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 37%, најчесто се жалат на основ за исплата и висина на надомест

Објавено

на

Продолжува да расте бројот на претставки кои до АСО ги поднесуваат незадоволни осигуреници што укажува на заклучок дека осигурениците ја препознаваат посветеноста на менаџментот и вработените на АСО во заштитата на правата на осигурениците. Очекувано најбројни, во првите три месеци годинава, се поплаките на осигуреници при обештетување од автомобилска одговорност. Во овој период не била поднесена претставка само за една од вкупно 16 компании за осигурување.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите три месеци годинава прими 71 претставка од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни компании. Бројот на поднесени претставки во овој период е зголемен за 14,5 отсто во споредба со првиот квартал 2022 година.

Од поднесените претставки  5 биле без основ за разгледување, а подносителите во 6 случаи ги повлекле своите поплаки.

Во корист на осигурениците се решени 11 претставки. Во процес на постапување се 16, а негативно се решени 33 поплаки на осигуреници.

Очекувано, и годинава најголем број на поплаки има во најмасовната осигурителна класа „осигурување од автомобилска одговорност (АО)“ која е задолжитена со закон. Поднесени се 34 претставки за штети кои настанале во сообраќани незгоди и се покриени со ова осигурување.

Најбројни, вкупно 18, се претставките во кои осигурениците се жалат на решавање штети настанати при сообраќајни незгоди решени врз основа на користење полициски записник. Најголем дел од нив се однесуваат на висината на обештетувањето и се решени негативно.

Во овој период е намален бројот на поплаки за решавање штети врз основа на пополнет европски извештај. Во првите три месеци се добиени 13 претставки за решавање штети и тоа е за 32 отсто помалку од истиот период лани.

За осигурување имот се поднесени 9 претставки, а по 8 се однесуваат на приватно здравствено осигурување и на осигурување од незгода.

Исто како и претходната година, во однос на причината поради која се жалат осигуреници, најбројни во овој период се претставките кои се однесуваат на основот по која компаниите исплаќаат штети. За првите три месеци се примени 33 такви претставки и тоа е за 65% повеќе од истиот квартал во 2022 година.

Најзначајно намалување на бројот на поплаки има за процесот во кој компаниите ги обработуваат штетите на осигурениците. Од почеток на јануари до крајот на март годинава се поднесени само 5 такви претставки и тоа е за 68 отсто во однос на истиот период лани.

За висината на надоместот на штета што го нудат осигурителните компании во првите три месеци годинава се пожалиле 19 осигуреници. Во овие случаи АСО нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува условите и околностите во кои е донесена одлуката за износот на понудена оштета.

Од поднесените претставки 61 се поднесени од граѓани, а 10 од правни лица.

Осигурување

Осигуреници во август наплатија над 5 милиони евра од неживотни осигурувања

Објавено

на

Половина од вкупниот број на исплатени штети се за покривање медицински трошоци осигурани со приватно здравствено осигурување. Од штети покриени со каско осигурување сопственици на моторни возила наплатиле над 1 милиони евра. Над 500 наши сограѓани во август побарале и добиле обештетување од 100.000 евра за штети покриени со патничко осигурување за патување во странство. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

За само еден месец граѓани наплатија еден милион евра од осигурување живот

Објавено

на

Во првите седум месеци годинава компаниите за осигурување живот исплатиле 494 милиони денари (8 мил.евра) на осигуреници или на лица кои биле носители на правата од полисите за осигурување живот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Во ек на летни одмори, само во јули, 80.000 граѓани вложија 685.000 евра во патничко осигурување

Објавено

на

Во јули граѓани, компании и институции вложија 18,6 милиони евра во неживотно осигурување. Од доброволните осигурувања најголемо учество во продажбата имаат осигурувањето имот, пред каско осигурување моторни возила и доброволното (приватно) здравствено осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно