Анализи
Бројот на претставки од незадоволни осигуреници зголемен за 56 отсто

За првите три месеци годинава до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се поднесени 36 претставки од осигуреници кои не се задоволни од работата на осигурителните друштва од кои купиле полиси за осигурување.
За 56 отсто е зголемен бројот на претставки поднесени од осигуреници незадоволни од услугите на компаниите од кои купиле полиси за осигурување, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за првите три месеци годинава. Согласно со Законот за супервизија на осигурување секој осигуреник има право да поднесе претставка до АСО доколку е незадоволен од работата на компанијата од која ја купил полисата за осигурување.
За периодот јануари – март осигурениците поднеле вкупно 36 претставки против осигурителни друштва наспроти 23 претставки поднесени во истиот период лани. Од поднесените претставки АСО во четири случаи одлучил во корист на осигурениците кои биле подносители на претставки, за 17 предмети постапката е во тек, а за две претставки е утврдено дека се поднесени без основ за постапување. Во девет случаи причина за претставката била висината на понудениот надоместок за компензација на настанатата штета. Тие претставки не се процесирани затоа што АСО не одлучува за висината за понудениот надоместок за штета. Во корист на компаниите се решени три од сите поднесени претставки.
Во првите три месеци претставки поднеле 30 физички лица и шест правни лица.
Од аспект на видот на осигурување најмногу претставки – 13 се поднесени за штети од автоодговорност (задолжително осигурување). За оштетни побарувања покриени со осигурување од незгода биле поднесени 10 претставки, а пет се однесуваат на незадоволни осигуреници од осигурување имот. Три претставки се за осигурување живот, а по една за патничко осигурување, каско осигурување и земјоделско осигурување.
Најмногу осигуреници вкупно 13 се жалеле на основот за исплата на штета. Деветмина на висината на понудениот надоместок, четворица реагирале на обработката на штетата, по една претставка има за рок на плаќање, одговор по приговор и висина на регрес. По останати основи се поднесени пет претставки.
Во делот на осигурувањето неживот за „Уника“ се поднесени осум претставки, седум претставки има за „Винер неживот”, пет за „Граве неживот“, по две за „Халк Осигурување“, „Евроинс“ и „Еуролинк“. По една претставка е стигната за: „Сава“, „Триглав“, „Кроација неживот“, „Осигурителна полиса“ и за Националното биро за осигурување. Од компаниите за осигурување живот за „Кроација осигурување живот“ има три претставки. Во овој период нема претставки за „АДОР Македонија“, „Граве живот“, „Уника живот“, „Триглав живот“ и „Винер живот“.
Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на компанијата за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните друштва, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација на населението.
Анализи
Најдобри совети како да го реновирате вашиот дом во рамките на буџетот

Домот треба да биде наше засолниште, но и среќно место каде ќе се релаксираме на крајот од напорниот ден и ќе креираме семејни спомени со нашите најмили. Токму затоа, секој од нас сака да создаде што поудобна и попријатна атмосфера во него. Една од причините поради која може да се одлучите да го реновирате домот е желбата да го направите подобро место за живеење или едноставно сакате промена и свежина во домот. (more…)
Анализи
Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје