Connect with us

Останато

Бројот на активни деловни субјекти во 2021 година намален во однос на 2020

Објавено

на

Во 2021 година во земјава биле активни 72.922 деловни субјекти што е намалување за 0,2 проценти во однос на 2020 година.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за 2,6 проценти е намален бројот на деловни субјекти во секторот уметност, забава и рекреација, а најголемо зголемување од 13,6 проценти има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според бројот на вработените, најголемо учество од 82 проценти имаат деловните субјекти со 1 до 9 вработени по што следат деловните субјекти без вработени или субјектите со неутврден број вработени (без податок за вработените) со 8,2 проценти, па субјектите со 10 до 19 вработени, субјектите со 20 до 49 вработени, субјектите со 50 до 249 вработени, а само 0.3 проценти од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

„Како резултат на процесот на усогласување на варијаблите во Статистичкиот деловен регистар со регулативата за деловни статистики (EBS Reg. 2152/2019), за 2021 година ќе се објават две соопштенија. Ова соопштение е подготвено врз основа на добиените претходни податоци, а во второто соопштение ќе се објават дефинитивните податоци (во почетокот на 2023 година)”, велат од Државниот завод за статистика.

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЗА НИВ НЕМА КРИЗА – Словенечкиот БДП скокна за 8,2 проценти во вториот квартал

Објавено

на

Според податоците на Националното биро за статистика на Словенија (Сурс) обемот на бруто домашниот производ на Словенија во вториот квартал од годинава се зголеми за 8,2 проценти на годишна основа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно