Connect with us

Странски банки

Бродњак: Ќе го задржиме брендот, ќе се викаме „НЛБ Комерцијална банка“

Објавено

на

Претседателот на Управниот одбор на Нова Љубљанска банка (НЛБ), која преку капитална инвестиција купи 83,23 проценти од контролниот пакет акции во Комерцијална банка а.д. Белград, Блаж Бродњак изјави дека Банката ќе го задржи брендот на Комерцијална банка и само ќе се додаде името на групацијата.

Бродњак на прес-конференција на деловниот форум „Копаоник“ рече дека купувањето на Комерцијална банка е привилегија и обврска за него, додавајќи дека е горд што српската влада во Нова Љубљанска банка (НЛБ) го видела  вистинскиот партнер за српската Комерцијална банка.

„Деновиве се зборуваше многу за тоа дали ќе го задржиме брендот Комерцијална банка. Одлучивме да го задржиме брендот Комерцијална банка затоа што сме импресионирани од тоа како е прифатен брендот, па така старо-новиот субјект ќе биде именуван НЛБ Комерцијална банка“, изјави Бродњак.

Според Бродњак, Србија отсекогаш за Нова Љубљанска банка (НЛБ) бил најинтересниот пазар, додавајќи дека им биле потребни неколку години да направат дополнителна капитална инвестиција, притоа истакнувајќи дека НЛБ Белград имала големи резултати, но дека сепак станува збор за „мала операција“.

„Планираме да изградиме сериозна приказна со Комерцијална банка, ќе бидеме еден од трите најзначајни играчи на пазарот со повеќе од 10 проценти пазарно учество, сега на нас ни преостанува трансакцијата со Комерцијална банка а.д. Белград“, рече Бродњак.

Бродњак вели дека првиот чекор е НЛБ да ги добие сите согласности и одобренија од регулаторот во врска со преземањето на а.д. Белград и дека за тоа ќе биде потребен период од шест до девет месеци.

„До тогаш, ние нема да влеземе во банката“, додаде тој. Како што изјави, потребно е што поскоро да се преземат овие неопходни чекори, а потоа Нова Љубљанска банка (НЛБ) ќе ги спроведе групациските стандарди за деловно работење во Комерцијална банка а.д. Белград.

„Бидејќи веќе сме присутни во Србија, сигурно нема да имаме две банки, туку двете банки ќе се спојат и ќе се создаде нов банкарски субјект“, додаде Бродњак.

Тој истакна дека НЛБ гледа голем потенцијал во Комерцијална банка, со оглед дека Комерцијална банка а.д. Белград има силен и препознатлив бренд во Србија.

Бродњак додаде дека српската Комерцијална банка во моментов не е во идеална состојба, но дека поседува исклучителен потенцијал кој тие го препознале.

„Немаше да инвестираме во Комерцијалната банка, доколку не го препознавме потенцијалот. Ќе ги подобриме процесите, ќе воведеме нови производи во Комерцијална банка и ќе ги направиме многу активни на пазарот“, додаде Бродњак.

Тој исто така истакна дека Комерцијална банка а.д. Белград ќе остане локална, односно српска банка, со „сопственик кој го познава пазарот и сака да инвестира во него“.

На прашањето дали воведувањето дигитални услуги во банкарскиот сектор ќе го намали бројот на вработени во Комерцијална банка а.д. Белград, Бродњак рече дека тоа не е само феномен кој се однесува исклучиво на Комерцијална банка, туку дека тоа е мерка на ниво на целата банкарска индустрија.

„Во НЛБ банка во Словенија за осум години го намаливме бројот на вработени од 4.200 на 2.600, а за пет години согласно планираното ќе бидеме 2.100 вработени“, изјави Бродњак, додавајќи дека не може да каже прецизно за намалувањето на работната сила, но дека кратењето на трошоци преку намалување на вработени ќе биде реалноста на банкарскиот сектор во целиот регион.

Од друга страна, Бродњак вели дека ќе има повеќе вработени во развојот на податоци и информатички технологии, односно во органите на банката кои се занимаваат со прибирање и обработка на податоци.

На прашањето дали цената по која Нова Љубљанска банка (НЛБ) ја купи Комерцијална банка а.д. Белград е мала, Бродњак наведува дека не, ако се спореди со тоа за колку се продадени банките во Словенија и тоа оние што имаа и по 25% пазарно учество.

„Може да се види дека во овој момент тоа се реалните цени на банкарскиот сектор во регионот“, истакна Бродњак, додавајќи дека останатите не понудиле многу повеќе на тендерот за купување на Комерцијална банка а.д. Белград.

На прашањето како ќе се финансира преземањето на српската Комерцијална банка, тој рече дека нема да има никакви проблеми и потешкотии бидејќи веќе се обезбедени финансиите за комплетирање на трансакцијата преку издавање на субординирани обврзници, додавајќи дека нема да има потреба од дополнителна докапитализација.

На прашањето дали Нова Љубљанска банка (НЛБ) ќе ги откупи акциите на поединечните акционери во Комерцијална банка а.д. Белград, Бродњак рече:

„Во моментов не, ние работиме и на други пазари каде имаме поединечни акционери како на пример во Северна Македонија каде што тоа одлично функционира. Ние работиме транспарентно и верувам дека можеме да бидеме долгорочен партнер“.

Тој додаде дека НЛБ како групација инвестира во регионот, додавајќи дека е присутна скоро во сите земји во регионот и дека планот на банката е да влезе и на албанскиот и хрватскиот пазар.

Бродњак изјавува дека е неопходно да се изгради платформа за промовирање на економијата во регионот, затоа што тоа многу ќе влијае на растот на економијата на сите земји. Токму поради тоа, Бродњак нагласува дека НЛБ банка ќе биде стратешки партнер на Србија и регионот.

Тој исто така најави дека НЛБ Комерцијална банка ќе биде силен партнер за агробизнисот во Србија.

За крај, Бродњак ја пофали идејата за „мал шенген“, оценувајќи дека и Словенија и Хрватска треба да бидат дел од оваа иницијатива.

„Веруваме дека иницијативата за „мал шенген“ е вистинската идеја. Ја поздравувам оваа иницијатива и верувам дека и другите држави исто така ќе го прифатат предлогот и ќе ја отворат вратата за стоки, капитал и услуги. Ова е еден од начините да ги задржиме младите во регионов“, изјави Бродњак.

Извор: Politika.rs

Странски банки

Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваното

Објавено

на

„Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза”, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка ја ревидираше прогнозата за раст на македонската економија

Објавено

на

Светска банка ги ревидираше своите очекувања во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Македонија. Новата прогноза на Светската банка е раст на економијата за 2,4 проценти во 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Европската централна банка: Реалните плати во еврозоната драстично паѓаат

Објавено

на

Реалните плати во еврозоната се значително пониски отколку во периодот пред пандемијата и, веројатно, ќе се намалат уште повеќе во наредните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)

Продолжи со читање

Популарно